22.5 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Протести за зголемување на платите за 78 отсто, исто како за функционерите

Незадоволството поради зголемувањето на функционерските плати за 78% резултираше со низа протести. На улица во Скопје излегоа администрацијата и неколку синдикати.

 

Протести го блокираа главниот град во Северна Македонија. На улиците во Скопје незадоволството вчера го изразија вработените во судската и јавнообвинителската служба, Фондот за здравство и од Канцеларијата на Народниот правобранител кои бараат повисоки плати за достоинствен живот,  јавува ДВ.

Врие и меѓу здравствените работници, коишто преку синдикатот побараа менување на Колективниот договор, покачување на ефективниот додаток, како и воведување на бенифициран стаж за вработените.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) на протест пред Собранието ги повика пратениците од сите политички партии, пред кои веќе е предлог-буџетот за 2024 година, да ги поддржат во нивните барања за покачување на платите.

Поддршка на протестот дадоа повеќе административни службеници од повеќе синдикати. Вработените од судската и јавнообвинителската служба штрајкуваат од 27 септември. Бараат исплата на додатоците на плата и зголемување на платите за 78 проценти – колку што беа зголемени платите на функционерите.

​​​Во исто време на предупредувачки штрајк излезе и Синдикалната организација на Судскиот Совет, со барање да им бидат вратени додатоците на плата, укинати од март годинава.

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски, во изјава за медиумите посочи дека додатоците на плата кои што им следуваат согласно Колективниот договор, биле укинати во март годинава. Преговорите за мирно решавање на спорот истекуваат на 3 или 4 декември, по што се најавува генерален штрајк.

Покачување на платите за 30 отсто е главното барање на членовите на Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР) кои протестираа пред Министерството за здравство. Тие најавија протест пред Владата на 2 декември ако во меѓувреме не бидат повикани на средба во Министерството за здравство.

Националниот координатор на Независниот синдикат на здравствени работници, Боби Бојчевски, изјави дека бараат и менување на Колективниот договор, покачување на ефективниот додаток, како и воведување на бенифициран стаж за вработените.

Related posts

Кои се новите заменици на министрите?

admin

Судир околу автономијата – реформата на високото образование отвора нов фронт меѓу државата и универзитетите

admin

Филипче во Брисел: Во државата ни се воведува автократија

admin

ЕУ разговара за Западен Балкан

admin

Бугарски медиум: „Северномакедонски партнери“ не е навреда

admin

Светот низ карикатури

admin