5.8 C
Скопје
12 ноември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Министерот по име Фатмир (не)оди против студентите Албанци

Лидерот на партијата Алтернатива, Африм Гаши зборувајќи во интервју за тоа колку потценети се Албанците од страна на партијата ДУИ, како владејачка албанска партија, кажа дека буџетот на најмладиот државен универзитет, „Мајка Тереза“ е преполовен во однос на лани.

-Порано имаше перцепција дека некој кој имаше име и презиме на Македонец, министер за финансии, затоа тоа не се реализира, што беше погрешна перцепција. Еве денеска човекот ви се вика Фатмир.  Ама решенијата се исти. Ист аршин. Еве, вчера имав една средба со професор од универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што буџетот на универзитетот е преполовен, на половина. Значи, наместо да се инвестира во студентите, тие сакаат да го уништат универзитетот затоа што политички има други преференции, што нема никаква врска, изјави Гаши во интервјуто за Слободен печат.

Буџетот на универзитетот „Мајка Тереза“ според предлог државниот Буџет доставен до Собранието на РСМ, не е преполовен. Точно е дека е намален за 12 отсто, но тоа е далеку од „преполовен“ како што тврди Гаши.

Каде е скратено?

Во расходниот дел за овој универзитет пишува дека се предвидени 260,3 милиони денари или 4,2 милиони евра, што е помалку во однос на 2023 година, кога биле издвоени 295,9 или близу 5 милиони евра. Но, со новиот предлог буџет за 2024 година, со сопствените приходи и донациите, буџетот на универзитетот „Мајка Тереза“ е над 3 милијарди денари.

Но, од друга страна, овој универзитет е еден од двата за кој му се планирани помалку пари од шесте државни. Минимално скратување има и кај Универзитетот за информатички технологии од Охрид.

Гаши во интервјуто зборуваше за  нерамноправната положба на албанските студенти. Меѓутоа, останатите два државни универзитети, када наставата се изведува на албански јазик, Државниот тетовски универзитет и Универзитетот на Југоисточна Европа, за догодина имаат зголемени буџети во однос на оваа година. Тетовскиот универзитет оваа година има на располагање 434,5 милиони денари, додека догодина ќе има 100 милиони повеќе или 531,9 милиони денари.

Универзитетот на југоисточна Европа од 60 милиони денари, следната година ќе располага со 75 милиони.

За високото образование 77 милиони евра

Во предлог Буџетот на РС Македонија за 2024 година се предвидени 4,7 милијарди денари за високото образование или 77 милиони евра. Најмногу пари се одвоени за најголемиот и најстар универзитет „Свети Кирил и Методиј“.

Во останатите ставки за високото образование може да се види значајно намалување на средствата  за изградба на објектите во изградба на Кампусот на УКИМ – Факултетите за физичка култура и ФИНКИ. Наместо 21,6 милиони денари предвидени за тековната 2023 година, следната година се предвидуваат само 3 милиони за доградба на овие објекти. Тоа значи дека може да се очекува минимално поместување од стус кво состојбата.

Во образложението на предлог Буџетот стои дека во 2024 година се планирани пари за реконструкција на студентски домови, опремување и реконструкција на универзитетите и инвестиции во спортска инфраструктура. Во областа на образованието, со заем од КФВ банката ќе продолжи реализацијата на Проектот за реконструкција на студентските домови.

Се крати и буџетот на Агенцијата за млади и спорт за 16% и тоа кај сите програми. Најмногу се крати кај ставката млади, која се намалување за дури една третина во однос на 2023 година. / В.К

 

 

 

Related posts

Избори се ближат, ветувања се нижат

admin

Пронајдени отпадоци од авион Ф-35 во Јужна Каролина откако пилотот се катапултирал

admin

Истражување: Дишеме загаден воздух и внатре и надвор

admin

ЕУ ЈА ИСПОРАЧА ВЕТЕНАТА ПОМОШ – 80 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ДОСТАПНИ ЗА ДРЖАВАТА

ninja

БОЖЕМ „ПОЛИТИЧКИ ПРОГОНЕТИОТ“ МАНЧЕВСКИ САМИОТ ПРОГОНУВА МАКЕДОНСКИ ФИЛМАЏИИ?! Главната улога во филмот „Држете го крадецот“ ја игра Бисера Костадиновска Стојчевска

admin

Рама: ЕУ да ја казни Србија

admin