4 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Џејмс О`Брајен: Украина би можела да победи со помошта од ЕУ и САД

Мислам дека беше многу корисно за претседателот Зеленски да дојде во Вашингтон и директно да им каже на членовите на Конгресот колку е важно да се добие помошта од САД, и како оваа помош е инвестиција во закрепнувањето и успехот на Украина во војната, рече помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О`Брајен во интервју за Гласот на Америка.

Тој рече дека со помошта на ЕУ и САД Украина би можела да излезе како победник во оваа војна.

„Значи, она што го гледаме е дека Украина врати повеќе од половина од територијата што Русија ја зазеде од февруари 2022 година. Таа продолжува да напредува на бојното поле. Таа ги отвори сопствените трговски рути на Црното Море и тоа е клучот за закрепнување на нејзината економија. Со помошта што нашите европски партнери ќе ја дадат, а потоа што ние би ја обезбедиле, мислиме дека Украина може да го надгради овој успех и да излезе како победник во оваа војна“, рече О`Брајен.

Според него, инвестирањето во Украина „ќе се исплати енормно за нашите партнери и за САД во текот на следните месеци“.

„Неговата средба со претседателот Бајден имаше исклучително добра хемија и покажа дека тоа се лидери кои можат да работат заедно и ја покажаа силата на коалицијата во целост“

На прашањето дали се согласува со тврдењето на висок американски функционер дека рускиот претседател Путин нема да склучи мир со Украина пред да ги види резултатите од изборите во САД во ноември 2024 година, О`Брајен рече:

„Mислам дека да. Мислам, претседателот Путин е во своја дипломатска офанзива, посетува неколку земји, го снимаат како отворено зборува за изгледите на војната, и во текот на целиот период, тој се обидува да ги убеди луѓето дека верува дека времето е на негова страна и мисли ако продолжат да се борaт дека на крајот Русија ќе победи. Мислам дека ова е едноставно блеф. Мислам дека долгорочните трендови не се во корист на Русија, а неговата единствена надеж е да ја нападне цивилната инфраструктура или местата што живеат цивили во Киев и на други места, со цел да нанесе болка, а со надеж дека тоа ќе ја натера Украина на мир, или да се надева дека ќе има некоја драматична промена во меѓународната поддршка за Украина. И затоа тој ќе ги чека нашите избори, а исто така мислам и други европски избори во текот на следната година“.

Тој додаде дека е јасно дека ако биде реизбран претседателот Бајден, надежите на Путин нема да се остварат.

„Мислам дека тој сака да го види резултатот од изборите низ Европа и САД. Европската Унија има избори следната година. Нема да зборувам за домашна политика. Ќе кажам, претседателот Бајден штотуку вчера рече: „Нема да заминам од Украина.“ „Сакам да ја видам победата на Украина“ и „Украина ќе победи.“ Значи, јасно е ако биде избран претседателот Бајден, надежите на претседателот Путин нема да се остварат“, рече тој.

Тој рече дека верува оти Украина ќе излезе како победник од оваа војна и дека ќе биде демократска, просперитетна и интегрирана во Западот.

О`Брајен нагласи дека Вашингтон ќе биде домаќин на 75-годишнината од НАТО, на кој ќе се разговара за тоа како Алијансата се подготвува иднината.

„Сега, како дел од ова, очекувам дека ќе има активна дискусија за Украина, и мислам дека ќе видиме како Украина придонесува за безбедноста на Алијансата, поради искуството што го развива нејзината војска и улогата што ја игра, знаете, во борбата против напорите на Русија за повторно воспоставување на Руската империја. За сето тоа, Украина мора да помине низ нормалниот процес за приклучување, а тоа значи голем број реформи во нејзиниот систем. Тешко е сето тоа да се заврши за многу кратко време. И ќе го подобри квалитетот на својата војска додека се бори во текот на следната година. Значи, очекувам фокусот да биде ставен на практичните односи меѓу Украина и НАТО и земјите-членки на НАТО. И тоа е, мислам, она што ќе го видиме следниот јули“.

Related posts

Цените на храната „здивеа“ од мерките на Владата

admin

Приведен малолетник, се обидел да одземе паричник од жена

admin

Реџепи: Бугарија не ни дава алтернатива освен руски гас

admin

ОТКУПОТ ЗА САЈБЕР НАПАДОТ ВРЗ ФЗО НЕ БИЛ МИЛИОНСКИ

ninja

Масовен руски напад со ракети и дронови врз Украина: Жртви и огромни штети

admin

Бура од критики по повикот на папата за „бело знаме“

admin