25.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Арачиновци почнаа да плаќаат данок

Арачиново има 12.676 жители или 2.848 домаќинства. Тоа значи дека 173 домаќинства сè уште се надвор од системот за наплата на даноци.

Арачиново повеќе не е „црна овца“, за 422 отсто годинава е зголемена наплатата на данок во споредба со минатата година, тврди градоначалникот на оваа општина, Ридван Ибраими. По долги години критики дека жителите на Арачиново не плаќаат ниту даноци, ниту комунални такси, а долго се влечеше како опашка и проблемот со наплатата на струја, Ибраими вели дека сето тоа е минато.

„Општина Арачиново годинава од вкупно 2.675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари (околу 98 илјади евра) по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 година е раст од 422 отсто“, порача градоначалникот на настан организиран од УСАИД.

Според податоците од последниот попис на Државниот завод за статистика од 2021 година, Арачиново има 12.676 жители или 2.848 домаќинства. Тоа значи дека 173 домаќинства се уште се надвор од системот за наплата на даноци.

Со вклучени дотации и трансфери, општина Арачаиново лани прикажала зголемени приходи во касата во однос на планот и тие изнесувале скоро 2,1 милиони евра. Податоците за 2022 година покажуваат дека општината од данок на имот собрала 38.650 евра, а од данокот на доход биле собрани 16.300 евра. Оваа општина од државата за повеќе од две години доби помош од речиси 2 милиони евра.

„Арачиново не е веќе ‘црна овца’ туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со општини кои се многу поголеми и финансиски појаки од нас. Нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации, а посебно со УСАИД која во секој момент покажува подготвеност да ни помогне“, вели Ибраими.

Ваквите промени следат откако општина со години наназад беше мета на критики на ревизорите и на бројни организации, кои посочуваат дека правилата за плаќање не важат и за жителите на Арачиново. Па така, ревизорите во април годинава посочија дека Општина Арачиново не наплаќала данок на имот, комунална такса на фирма, комунална такса за користење на музика во јавни локали, ниту пак комунална такса за истакнување на реклами и огласи на јавни места. Не се плаќал ниту надоместок за уредување на градежно земјиште.

Во извештајот за 2021 година ревизорите изразиле негативно мислење на реалноста и објективноста на финансиските извештаи. Во него се посочува дека Општината не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за даноците за имот, за промет од недвижности и наследство.

Ревизорот му препорача на градоначалникот да преземе мерки за обезбедување на одобрение за градба пред отпочнување на активностите за изградба на објекти во кои инвеститор е општината и планирањето на градбите да се врши според законот за градење./DW

Related posts

Меџити контра ДУИ: Вие сте последните витези на Груевски

admin

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

admin

Бајден го потпиша Законот за фискална одговорност како крај на кризата со ограничување на долгот

admin

Курти со план од пет точки за смирување на тензиите на северот

admin

РСЕ: Растот на јавниот долг го вклучува црвениот аларм

admin

Политиката не е најважна: Партиите што сакаат да дојдат на власт да се фокусираат на економијата – бараат бизнисмените во пресрет на изборите

admin