24.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Пендаровски ќе го бара Ердоган за екстрадицијата на Палевски

Претседателот на државата Стево Пендаровски размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да се случи побрзо. Пендаровски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 вели дека не треба да се дозволи процесот да трае предолго.

“Тоа е работа на министерот за правда кој тоа и го направи (испрати барање за екстрадиција, н.з.), меѓутоа случајот е прекрупен за да оставиме туку така да се одвива по некои бирократски коридори и тоа не дај боже да трае со месеци или со години”, вели шефот на државата.

На прашањето дали е можно да има одолговлекување од турска страна, поврзано со барањата на Трција за испорака на припадници на Фето од Северна Македонија, претседателот рече дека лично до него од Ердоган во 2019 г. дошло такво барање како услов за Турција да го ратификува протоколот за пристапување на земјава во НАТО.

„Му ја објаснив ситуацијата на претседателот Ердоган од сите аспекти, вклучувајќи го и неспорниот факт дека ние сакаме да станеме членка на Алијансата во која има и други прилично моќни држави кои кон нас испорачуваат сосема спротивни барања, дека ако тоа и тоа се случи ќе имате проблеми од друг тип со други ратификации во истиот процес на пристапување. Ердоган совршено ме разбра и наредниот ден координаторот во турскиот парламент од неговата пратеничка група доби задача и во 24 часа ја ратификуваа таа спогодба, без воопшто да има барања во однос на тие 15 лица нешто конкретно. Иако во тоа време нашето МНР даде дециден одговор дека значаен дел од тие лица не се на наша територија, а за другите до таа бројка од 15 побара дополнителнн аргументи дека станува збор за припадници на терористичка акција“, рече Пендаровски.

 

Related posts

Германската економија продолжува да тоне

admin

„Тие идиоти…„: Што навистина кажал министерот Хоџа за Албанците во Македонија?

admin

Мицкоски да бара одблокирање на европскиот процес за време на посетата во САД, велат аналитичари

admin

Реакција: Корупцијата убива – трагичниот настан во Кочани е аларм

admin

Четворица обвинители избрани во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција

admin

Ескобар: Добивме уверување од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе останат посветени на европскиот пат

admin