27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Собранието ќе одлучува за два спорни закона за легализација на дивоградби

Во Собранието се доставени два закона за легализација на дивоградби. Еден на Министерството за транспорт и врски од пред две години, а другиот на пратеникот Скендер Реџепи кој е на дневен ред на пленарна седница в петок. Власта и опозицијата се против предлогот на Реџепи, но што ќе биде со предлогот на Министерството, кој е коригирана верзија на законот донесен во 2021 година, а кој не го потпиша претседателот Пендаровски? Граѓанските организации се против било каква легализација на дивоградби.

Коалицијата на владејачкото мнозинство во Парламентот и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за РСЕ велат дека нема да го поддржат законот за легализација на дивоградби кој го предложи пратеникот Реџепи. Но не исклучуваат можност предлогот на Министерството и транспорт и врски повторно да се најде на дневен ред во Парламентот, кој е тргнат уште пред две години и за него се чека да пратениците да добијат стручни мислења на надзорна расправа во Парламентот. Ова е истиот закон за кој во мај 2021 година гласаа пратениците на власта и дел од опозицијата, но тогаш не го потпиша претседателот на државата Стево Пендаровски.

Додека останува неизвесно што ќе биде со предлогот на Министерството за транспорт и врски, ставот на пратениците на СДСМ и коалицијата е да гласаат против предлогот на Реџепи, кој предвидува легализација на околу 50 илјади дивоградби изградени до 31 декември 2022 година, како што кажа за РСЕ координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски.

Сличен одговор добивме од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која најави дека нема да го поддржи предлог законот.

„Како пратеничка група сме против донесување на ваков закон“, кусо изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Related posts

Зеленски вели дека разговорите со американските пратеници донеле „нови идеи“ за мир

admin

Вилма Русковска за Глас на Америка: Ова што се случува е поради измените на Кривичниот законик

admin

Министерството за здравство отвори истрага за наводниот извоз на човечки мозоци за научни цели

admin

Претседателски кандидати – кој колку троши на социјалните мрежи?

admin

KРИЗА НА ЛИДЕРСТВО, ВИЗИЈА, МОРАЛ ИЛИ НА СЀ ЗАЕДНО?

ninja

Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш под лупа на Брисел

admin