4.8 C
Скопје
4 март, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ковачевски ја депонираше оставката во Собранието

Имав чест и одговорност да бидам претседател на Влада, рече Димитар Ковачевски кој лично ја депонираше оставката. Се надева дека ќе ја предводи и новата влада по изборите.

 

Премиерот Димитар Ковачевскилично ја депонираше оставката во Собранието, со што започнува постапката за избор на техничка влада која ќе раководи со државата во наредните 100 дена до изборите на 8 јуни.

Во изјава за медиумите тој изрази уверување дека по пролетните избори, на 9 мај, тој ќе ја предводи и новата Влада. Рече дека имал чест и гордост да биде претседател на Влада. Тој изрази надеж дека државата ќе го задржи својот стратешки правец, а тоа е западната ориентација и стратешкото партнерство во САД и дека техничката ќе се грижи за граѓаните, како и во изминатите две години.

Чест и одговорност

Што се однесува до изборот на Талат Џафери за технички премиер, Ковачевски вели дека тој е искусен политичар кој има големо искуство во водењето на парламентот и оцени дека стилот ќе биде различен, но дека државата ќе го задржи својот стратешки правец.

„Јас имам кажано многупати пред медиумите дека ниеден човек не се родил ниту да биде претседател, ниту да биде пратеник, ниту да биде градоначалник, тоа е нешто што му припаѓа како чест во текот на неговата професионална кариера. Ја имав таа одговорност и таа чест да ја водам Владата во едно исклучително време, во време на многу и меѓународни турбуленции, меѓутоа пред сѐ на економски турбуленции предизвикани од војната во Украина. Сметам дека се грижевме за сите“, рече Ковачевски.

Оставка се очекува да поднесе и собранискиот спикер, Талат Џафери, по што тој ќе стане третиот премиер на преодна влада според моделот кој за првпат беше воведен за изборите во 2016 година, како обврска од Договорот во Пржино од 2015 година. На претседателското место во Собранието ќе дојде претставник досегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Според роковите, целата процедура за избор на новата техничка Влада треба да заврши до 28 јануари на полноќ.

Бојан Маричиќ
Бојан Маричиќ прв вицепремиер во техничката влада на Талат Џафери Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Ротации

Прв вицепремиер во техничката влада ќе биде Бојан Маричиќ, кој ќе биде задолжен за европските прашања, додека Артан Груби останува вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Ротацијата на Груби и Маричиќ следи по одлуката за технички премеир да биде поставен кадар на ДУИ, со што министер од редовите на СДСМ доаѓа на местото на прв вицепремиер.

Измени ќе има и на раководните позиции во МВР и Министерството за труд и социјална политика, кои треба да добијат министри од редовите на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи го предложи Панче Тошковски, актуелен претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен адвокат. Ѓоко Велковски е нов предлог за кандидат за министер за труд и социјална политика.

За заменик министер за финансии е предложена Елена Петрова, висок професионалец во областа на финансиите. За заменик министер за информатичко општество и администрација е предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје. Цветан Трипуновски се предлага за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Се тресеше гората…“

„Се тресеше гората во Белата палата и на крајот ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри“, ова е првата реакција на СДСМ откако опозицијата ги објави кандидатите за министри и заменици во техничката влада.

Според СДСМ, дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се кадри од времето на Никола Груевски за кои има поднесено кривични пријави, дел се поранешни функционери во град Скопје, но ниту еден нема зад себе ниту еден резултат.

„Очигледно драмите околу техничката влада од страна на ДПМНЕ, прво дека нема да учествуваат, потоа дека нема потреба, па дека ќе учествуаат но нема да гласаат се должат на личните хирови на Мицкоски и немањето кадровски потенцијал на опозицијата.ДПМНЕ нема никаква програмска понуда, а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал“, порачаа од партијата.

Талат Џафери и Јован Митрески
Талат Џафери ќе биде третиот премиер на преодната влада. На претседателското место во Собранието ќе дојде претставник досегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Процедури и рокови

Објаснувајќи ги постапките во пресрет на изборот на техничката влада, Талат Џафери во средата (24.01) појасни дека откако Владата ќе достави информација дека поднесува оставка, тој како претседател на Собранието ќе го извести претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Џафери ќе го овласти потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски да ја води  седницата и потоа ќе поднесе оставка. Собранието, откако ќе ги констатира оставките, ќе се предложи нова точка – избор на претседател на Собранието. Претседателот на државата Стево Пендаровски треба да му го довери мандатот на Талат Џафери за премиер на техничката Влада, по што роковите ќе почнат да течат.

На 27 претпладне, Џафери до Собранието треба да достави програма и состав на Владата, а седницата за избор треба да биде свикана на 28 јануари. За да се комплетира техничката влада, ќе биде свикана уште една седница на која треба да се гласа за дополнителните заменици министри и за верификација на мандат на пратеник. / DW

Related posts

Трошоците за живот се зголемуваат секој месец, а платите еднаш годишно

admin

Нова анкета: Се зголемува оптимизмот за ЕУ во С.Македонија

admin

Мицковски се сретна со Гир

admin

Русија поседува дел од бугарскиот брег на Црното Море, а се чини дека на Софија не и пречи

admin

ВООРУЖЕНИ ПРЕСМЕТКИ НА БАНДИТЕ КАКО НА ФИЛМ, ИСТРАГАТА Е ВО ТЕК

ninja

Нетранспарентноста во јавните набавки, „главоболка“ за компаниите: Бизнисмените ретко се жалат кога се незадоволни од тендерите

admin