18.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Уште едена “бомба” на Коп, владата се брани

Доколку кој било бил под притисок од кого било тоа треба да го каже со име и со презиме, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по вчерашните критики упатени од холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, кој на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, испрати порака дека за Холандија е „неприфатливо да се вршат притисоци врз позицијата претседател на Врховен суд“, како и дека за тоа ќе следува „силна реакција од Холандија“.

„Никогаш не сум го запознал претседателот на Врховниот суд во капацитетот на својата дејност, бидејќи се одвоени извршната и судската власт. Во ред е ставот на амбасадорот. Но, сметам дека ако има притисок, тој треба да се каже со име и презиме“, изјави Ковачевски.

Покрај овие критики, Коп вчера на средбата со Ахмети истакнал и дека Северна Македонија веќе две години има „континуиран пад во владеењето на правото со што се доведува во прашање посветеноста на земјава на патот кон ЕУ“, а Ковачевски во однос на ова прашање рече дека за тоа треба да се прашаат оние кои се задолжени за владеење на правото.

Порано по одржан брифинг со новинарите, министерот за надворешна политика Бујар Османи порача дека „олигархијата, а не политиката е виновна за падот на владеењето на правото“.

„Од наша страна повеќе сметаме дека има одредено влијание на олигархијата во критични точки во системите во државата, коишто се многу погласни отколку кое било евентуално политичко влијание“, истакна Османи.

Холандскиот амбасадор во земјава пак овие пораки ги упати вчера на средба со Ахмети, а по завршување на средбата следуваше и соопштение од ДУИ, во кое во однос на критиките за притисоци кон Врховен суд се вели дека „судскиот совет треба да постапува без какви било надворешни или внатрешни притисоци“.

„Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите. Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без каков било внатрешен или надворешен притисок“, се вели во соопштението на ДУИ.

Коментарите на Коп пак доаѓаат во време кога се чека конечна одлука од судскиот совет за евентуално поведување на дисциплинска постапка против неа, откако беше поднесена иницијатива за тоа од членот на советот Миљазим Мустафа.

 

 

Related posts

“Ако политички се дестабилизира ќе се одрази…”: Османи ги коментира изборите во Турција

admin

Африм Гаши не чувствува одговорност за серијата инциденти – опозицијата во вторник ќе бара негова оставка

admin

Доматите, краставиците, праските стануваат „суво злато“ – намаленото производство ги покачи цените

admin

Ахмети на кафе или по поддршка во Приштина?

admin

Ја памтите ли германска марка?

admin

Ковачевски и Османи се сретна со Макрон

admin