21.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Максим Саморуков, аналитичар: Русија не му нуди никаква позитивна агенда на Балканот

Русија на Балканот поентира преку историските незадоволства и огорченост против Западот, како и преку етничките тензии. Русија не му нуди на Балканот никаква позитивна агенда. Нејзините цели се насочени само кон поткопување, вели Максим Саморуков, аналитичар за формите на руската пропаганда

Русија во сопствената меѓународна пропаганда нема намера да се претстави како идеално општество.

„Но, нејзината главна цел е да покаже дека западниот систем не е подобар од рускиот. Нејзината главна цел е да го прикаже Западот како лицемерен“.

Тоа во разговор за Гласот на Америка го вели Максим Саморуков, аналитичар за формите на руската пропаганда.

Поентира на интеретничкиот конфликт на Балканот. И, повторно, Русија не му нуди на Балканот никаква позитивна агенда. Нејзините цели се насочени кон поткопување на Западното влијание“, категоричен е аналитичарот.

Тој посочува и дека Русија нема интерес да му даде на Балканот опција за развој и интеграција во поголеми сојузи.

„Русија не сака да ги внесе земјите од Балканот во нејзините интеграциски асоцијации како Евроазиската економска унија или во Колективниот договор за безбедност, воената алијанса под водство на Русија“, посочува Саморуков.

Вели и дека заштитата од дезинформациите е најдобра одбрана од пропагандата.

„Посветете повеќе внимание кон деталите, бидете покритични за информациите што ги перцепирате. Исто така е битно да ги реформирате општествата, да се унапреди нивото на општата едукација, и благосостојбата на Балканот“, смета аналитичарот.

Саморуков воедно додава дека економскиот напредок е неопходен за да не се остави поле на кое Русија би имала плодна почва за пропаганда.

„Успехот на руската пропаганда овде, начинот на одговорот кон неа во голема мера се базира на локалните економски проблеми, на локалните меѓуетнички проблеми, и на други проблеми што сè уште стојат нерешени во овие земји, но кои можат постепено да се решат преку процес на реформи и постепен економски развој“, препорачува Саморуков.

Related posts

Над илјада институции не кажуваат колку возила имаат

admin

Оставката на Ибрахими ја отвора битката за нова насока во ВЛЕН

admin

САД работат на тоа да се почитува Договорот од Преспа

admin

Невработеноста во Германија ќе порасне во 2025 година 

admin

МАКРОН НУДИ ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНИЈА НА ПАТОТ КОН ЕУ

ninja

Рокас: Ќе има дипломатска офанзива во наредните месеци

admin