8.8 C
Скопје
24 април, 2024
Inbox7.mk
ИНТЕРВЈУ

Германски пратеник: Војната мора да се префрли кон Русија

Војната која Русија ја води против Украина, мора да се пренесе на руско тло, вели во интервју за ДВ, надворешнополитичкиот експерт на германската опозициска ЦДУ, Родерих Кизеветер.

Експертот за одбрана и надворешна политика и пратеник од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Родерих Кизеветер во интервју за ДВ изјави дека треба да се направи се што е можно за да и се овозможи на Украина да напаѓа цели на руска територија. Во исто време, тој ја предупреди Германија да не се вклучува директно во војната.

ДВ: Предлог-законот за нов американски пакет помош за Украина се соочува со проблеми во САД. Германија е најголемиот снабдувач на оружје за Украина во ЕУ. Дали Берлин ќе може да ги замени САД како главен снабдувач на воена и финансиска помош за Украина?

Кизеветер: Не е прашање дали може, туку дали има политичка волја. Во 2022 година, Германија потроши 200 милијарди евра во својот национален интерес за да ги намали ефектите од инфлацијата и зголемувањето на цените на енергијата. Ние сме во состојба да потрошиме големи суми пари за кратко време. Тоа би било можно и за Украина. Но, многу поважно е постапките на Трамп, кој сè уште не е ни избран, да дејствуваат како аларм за цела Европа. Не можеме да бидеме зависни од алатката на Путин, како што е Трамп, важно е германската канцеларка заедно со Макрон, со британскиот премиер Сунак, со Туск од Полска, со Мелони од Италија и други, да им сигнализираат на Американците и да кажат дека преземаме поголема одговорност за Украина. Но, очекуваме Американците да продолжат да се гледаат себеси како проевропска сила.

И уште нешто – ако Украина не успее, ќе биде страшно. Милиони Украинци ќе ги напуштат своите домови и ќе ја загрозат кохезијата на Европа. Тоа исто така ќе покаже дека Западот не е во состојба да спречи диктатор како Путин, кој бесмислено жртвува стотици илјади свои војници во ужасно крвопролевање. Токму затоа на Русија мора да и се покаже дека не може повеќе да продолжи на овој начин. Русија мора да го признае правото на постоење на своите соседи. Војната мора да се донесе во Русија. Руските воени локации и командни штабови да бидат уништени.

Украина Фронт
Украина се потешко се носи против огромните залихи на РусијаФотографија: Inna Varenytsia/REUTERS

Мораме да направиме се што е можно за Украина да може да ги нападне не само нафтените рафинерии во Русија, туку и министерствата и командните пунктови. Тогаш рускиот народ ќе сфати дека го води диктатор кој ја жртвува иднината на Русија, на руските млади луѓе, на етничките малцинства, дека ова е земја која носи војна, а не мир во светот.

ДВ: Во евентуалното најлошо сценарио, во кое САД ќе престанат да даваат воена помош за Украина, што би се случило?

Кизеветер: Прво, европската одбранбена индустрија е многу силна. 60% од она што се произведува овде се извезува. Сега мораме да ги промениме нашите приоритети и да ја ставиме Украина на прво место.
Второ, Германија повеќе не треба да спроведува паневропски тендери за одбранбената индустрија, туку да дејствува директно преку националните јавни набавки. Дополнително, Германија треба да обезбеди финансиски гаранции. Многу работи би биле возможни доколку се има политичка волја. Засега тоа не зависи од Министерството за надворешни работи или одбрана, туку од волјата на канцеларот и на министерот за финансии.

Тешко е да се замисли што ќе се случи ако сето ова не успее, затоа што тогаш и германскиот поредок и ЕУ стануваа историја, и ќе станеме страна во војната. Токму тоа што го сака Русија – да не вовлече во војна, а ние го спречуваме тоа со пренасочување на нашето производство на оружје и снабдување во Украина, за Киев да направи се што е можно да продолжи да го штити нашиот мир и да ја брани нашата слобода. За да го направиме тоа, Украина заслужува членство во ЕУ, а потоа и во НАТО.

Related posts

Кржаловски: Мора да се елиминира неказнивоста

admin

Бочварски: Недозволиво е по 10 години градење на автопатот Кичево – Охрид да има свлечишта

admin

Демири: Во предизборие нема промени во здравствениот систем

admin

Пешевски од ССМ: Нема цена што ќе натера градежен работник да работи 60 часа неделно

admin

Ескобар: Корупцијата е најголем проблем на Западен Балкан, вклучително и во Северна Македонија

admin

Грковска во Вашингтон: Се надевам дека црната листа на САД уште повеќе ќе се надополнува

admin