5.8 C
Скопје
12 декември, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

Писма

Каква коинциденција! Писмото на Кетрин ОБрајан (со наслов „Трамп претставува сериозна закана“) како да е напишано за сите светски и наши Трамповци. Наспроти писма како порака, за чија тежина и значење на зборовите се свесни сите слободољубиви луѓе, ние со години бевме навикнувани на писма како повик. Повик за конечна пресметка.

Пишува: Сања ЛУКАРЕВСКА

На 6 јануари 2024 година, демократска Америка се потсети на настанот од пред 3 години, кога поддржувачи на веќе поранешниот претседател Доналд Трамп, насилно влегоа во Конгресот на САД.

Во спомен на крвавите настани од тој ден, весникот „The Columbian“ објави писмо потпишано од извесна Кетрин ОБрајан. (ДПМНЕ задолжително да проверат дали му е роднина на Џејмс ОБрајан).

Бидејќи и кај нас се случи таков насилен упад во Собранието, на 27 април 2017 година, од поддржувачи на, исто така, веќе поранешниот премиер Никола Груевски, писмото како да има една, заедничка адреса.

„Третата годишнина од 6 јануари е важен потсетник дека не можеме да ги земеме здраво за готово нашите основни слободи, вклучувајќи го правото да гласаме и да ги избираме нашите лидери.

И покрај фактот дека Доналд Трамп се соочува со обвиненија за поттикнување на бунтот на 6 јануари и заговор за поништување на волјата на гласачите во 2020 година, тој се кандидира за претседател.

Премногу е ризично за американскиот народ да дозволи Трамп да се врати на власт.

Трамп очајно бара втор мандат, со надеж дека така ќе избегне одговорност за неговите криминали и со тоа самиот ќе се помилува.

И тој, и неговите сојузници заговараат да го употребат како оружје Министерството за правда и да направат чистка на секој што не се согласува со Трамп во федералната влада.

Сите негови закани треба да ги сфатиме сериозно. Згора на ова МАГА (кратенка на изборниот слоган на Трамп: Make America great again), републиканците ширум земјата го продолжуваат својот напад врз нашата демократија со воведување закони за радикално потиснување на гласачите, ширење лажни теории на заговор за избори и закани дека ќе ги поништат изборните резултати со кои не се согласуваат.

Зачувувањето на нашата демократија бара работа – оваа година, сите ние мора да го направиме нашиот дел. Трамп и неговите сојузници претставуваат сериозна закана за нашата демократија, нашите основни слободи и владеењето на правото. На сите нас е да се погрижиме да не се вратат на власт“.

ЧОВЕКОТ ШТО САКАШЕ ПИСМА

Каква коинциденција! Писмото на Кетрин О’Брајан (со наслов „Трамп претставува сериозна закана“) како да е напишано за сите светски и наши Трамповци.

Наспроти писма како порака, за чија тежина и значење на зборовите се свесни сите слободољубиви луѓе, ние со години бевме навикнувани на писма како повик.

Повик за конечна пресметка.

Од позначајните писма, во оваа пригода, издвојуваме:

Писмо бр 1„Време е за последната битка со политичарите кои зад себе оставија пустош и беда и кои во нашата држава ја донесоа малодушноста, криминалот, лагата и искривените вредности. Време е да ги пресретнеме нивните обиди повторно да ги земат под заложништво македонските граѓани и нашата татковина“… – дел од писмото на Груевски до членството на ДПМНЕ, ноември 2009 по, за нас, неуспешниот Самит на НАТО во Букурешт и, по него, убедливата изборна победа извојувана со популистичка реторика.

Откако ова писмо се појави и на „Си-ен-ен“, од партијата го вадеа водачот, со образложение дека тоа е вообичаено, мотивирачко писмо. И ништо друго.

А во новинарските кругови се раскажуваше прашање на новинар од „Си-ен-ен“, како е возможно во толку убава и питома земја во Европа да се пишуваат вакви писма?!

„Македонија вечна“ беше рекламата за нашата земја што се емитуваше токму на „Си-ен-ен“. Нарачателот на рекламата ја потопи нејзината вредност со само едно писмо.

Писмо бр.2„Ајде сите на лустрација, и тоа со јавни листи, и тоа со објави, и тоа со период до 2010 година, и тоа за секој кој има не само јавна функција, туку и каква било општествена одговорна улога, и тоа веднаш. Затоа што лустрацијата важи само за лицата со јавна функција, а за лустрацијата да биде комплетна, треба како општество да најдеме модус за да ги разобличиме и лустрираме луѓето во политиката, кои денес немаат јавна функција бидејќи народот на избори им ја одзема довербата, а истите лица и сега работат во СДСМ во обид да ја вратат на власт со своето удбашко искуство. Сите кодоши да излезат на виделина, тоа е нашата цел!“ – дел од писмото на Груевски до „кочничарите“ на лустрацијата, септември 2010 година.

За лустрацијата по рецепт на ДПМНЕ и волја на лидерот, веќе е морбидно да се зборува.

ВЕРНИ“ ЧИТАТЕЛИ И „НОВИ“ ПИСМА

Писмо бр.3„Изборите на 5 јуни ќе означат крај на ерата на транзиција и приватизација, на општествен грабеж, на зголемување на невработеноста и сиромаштијата, на неразјаснети атентати и убиства. На 5 јуни ќе заврши, еднаш и засекогаш, ерата на Бранко Црвенковски“ – писмо на Груевски (кој шеста година по ред е премиер) до членството на ДПМНЕ, март 2011, во пресрет на уште едни предвремени парламентарни избори.

Дека нивната заложба за расчистување со приватизацијата, криминалот и корупцијата е лага, сведочат најмалку два непобитни факта: прво, го отфрлија предлогот на претседателот Црвенковски во Уставот да се додаде одредба дека никогаш нема да застаре криминалот и гонењето за дела сторени со приватизацијата или во продажбата на големите државни компании.

И второ, пратениците на ДПМНЕ, во април 2002 година, ги одбија и понудените амандмани од страна на СДСМ да се испитува процесот на приватизација од 1991 до 1998 година (кога се дебатираше по предлог-законот за спречување на корупцијата).

На човекот што сакаше да пишува писма, и паметот му е во писма. Бараше да му биде вратен судски одземениот пасош, повикувајќи се на писмото-покана од колегата Орбан да ја посети Унгарија.

Посетата трае неколку години. На гости замина без пасош. Но, не го напушти љубовта кон писмата. Па, макар и преку социјалните мрежи.

Во неговото (засега) последно „писмо“ се пожали дека нема молери да го искречат она што тој и ДПМНЕ го направиле.

Зар е за кречење она што тие го направија? Има ли боја што може тоа да го покрие?

Некогашните „верни“ читатели на писмата и суфлери од врвот, и денес се во партискиот врв.

Од прв до последен ја шират истата реторика. „Содржината“ на новите писма, веројатно, ја чуваат за по изборите. Се разбира, ако им се допаднат резултатите.

(Aвторката е заменик-претседателка на СДСМ)

Related posts

Цццц… неверојатно, каков пристап од правничката на ”Јустинијан Први”!

admin

Провладини апологети со анатема за БРИКС

admin

За убиството на Косовскиот полицаец

admin

Историска фарса

admin

СЕФФ 2023: Побрза конвергенција кон ЕУ за просперитет и повисок животен стандард

admin

План за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во ЕУ

admin