18.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Коридорот се лизга на лушпа од бањички кромид

Жителите на Горна и Долна Бањица не дозволуваат градба на камп на плодни ниви од кои им зависи егзистенцијата. Според надлежните, промена во планот може ја пролонгира работата на делницата.

 

На 6-ти јануари во знак на протест го блокираа патот кој поминува низ нивните села Горна и Долна Бањица, и во знак на протест три часа не пропуштаа возила. А вчера од протестен собир најавија дека од понеделник ќе почнат со секојдневна интензивна блокада на работата на „Бехтел и Енка“, доколку не бидат примени на средба во Владата на РСМ.

Токму во атарот на Горна Бањица лани на 12-ти септември беше означен почетокот на градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8, проект на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. По церемонијалното минирање кое произведе чад во црвена и жолта боја, и пораките за развојот што ќе го донесе големиот инфраструктурен проект, за локалните жители на двете села побрзо стигнаа грижите.

Причина за нивното незадоволство се решенијата за експропријацијата за потребите на изградбата на Коридорот 8, со кои е засегнат атарот во кој тие со години ја обезбедуваат нивната егзистенција. Главна стопанска гранка на тамошното население е земјоделството. Двете села се познати по производството на висококвалитетниот и наделеку познат црвен благ кромид, како и бањичкиот домат (јабучар). Денес нема откупни центри за нивните производи, ги продаваат на локалните пазари, но повозрасните жители се сеќаваат на времињата кога голем дел од реколтата бил откупувана за потребите на тогашната ЈНА. Тогаш целата земјоделска површина од атарот на двете села била засадена со кромид, а денес поради трендовите на иселување дел од површините и не се обработуваат.

Потпишување на договорот за изградба на коридорите 8 и 10д меѓу македонската влада и компанијата „Бехтел и Енка“ во март 2023 година
Потпишување на договорот за изградба на коридорите 8 и 10д меѓу македонската влада и компанијата „Бехтел и Енка“ во март 2023 година Фотографија: Reg. Nordmazedonien

Ќе се пролонгира работата

Но, на дел од плодните ниви кои и денес се обработуваат, и каде веќе е реализирано сезонско орање и сеење, планирана е изградба на камп за градежните работници кои ќе бидат ангажирани за изградба на делницата од Коридорот 8. Од крајот на минатата година жителите на двете села се обидуваат да најдат решение кое нема да ја попречи изградбата на автопатот, но нема да ги засегне и нивните земјоделски имоти. Пред еден месец имале средба со вицепремиерот Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми. Тогаш како место за изградба на кампот за градежните работници го предложиле просторот на старата касарна, со површина од околу 330 илјади метри квадратни. Според претседателот на МЗ Долна Бањица, Насир Асипи, им било ветено дека ќе биде разгледан нивниот предлог и дека ќе бидат повикани на разговор. Но оттогаш до денес не добиле никаков одговор.

Сепак, директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми пред десетина дена изјави дека го разгледале барањето, но оти менувањето на планот може да ги пролонгира градежните работа.

„Каде ќе биде лоциран кампот и каде ќе помине трасата, тоа се определува според урбанистичкиот проект. Врз основа на урбанистичкиот проект кој е одобрен од страна на Владата, ние ги изготвуваме геодетските елаборати, а врз основа на тие геодетски елаборати потоа се врши експропријација (…) Секое враќање назад значи пролонгирање на работата за шест месеци или една година“, изјави Рустеми за ТВ 24 пред десетина дена.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не беше достапен да објасни дали има решение за проблемот на жителите од двете села.

Вицепремиерот Артан Груби за време на официјалниот почеток на градежните работи на коридорот 10д во мај 2023 година
Вицепремиерот Артан Груби за време на официјалниот почеток на градежните работи на коридорот 10д во мај 2023 година Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Не ги даваат нивите

Жителите немаат намера да ги отстапат нивите, со образложение дека тоа им е единствениот извор на егзистенција, а конзорциумот треба да си бара нова локација за поставување на локалната градежна база. Од понеделник се подготвени да постават шатори и таму да преноќуваат.

„За камп има алтернатива, а не да се уништува плодно земјиште“, порачуваат жителите на двете села.

Имаат поддршка и од селата Здуње и Дебреше, кои исто така не биле задоволни од експропријацијата. Жителите сметаат и дека определената сума за експропријација од 650 денари за метар квадратен земјиште е прениска, а регираат и што надлежните институции претходно не ги информирале дека е предвидено да се врши експропријација на нивните ниви, туку почнале да добиваат покани да се јават во имотно-правно одделение. Според Извештајот од надзорот за прогрес на работите на коридорите 8 и 10д за периодот 1.11.2023 до 31.12.2023 година, на 58% од земјиштето веќе е завршена експропријацијата и 33% од геотехнички испитувања.

Related posts

Ангеловски: Одреден квантум на вработени од јавниот сектор да се преусмерат во приватниот сектор

admin

Полициска акција во Тетово, приведени две лица

admin

Бесими најави граѓанска обврзница за ликвидност на буџетот

admin

ЕК бара да се зајакне улогата на Собранието

admin

ФОТО Тешка сообраќајна несреќа на патот Росоман-Прилеп, има и загинати

admin

Груби се огласи откако му беше запален автомобилот: Нема да ме заплашите

admin