18.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ИНТЕРВЈУ

Трендафилов: Веќе е донесена одлука за штрајк за платите во ФЗО

Иако е непопуларна мерка, веќе е донесена одлука за штрајк поради најавеното намалување на платите во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), вели претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Работниците ќе протестираат и ако поминат низа закони со кои власта сака да ги намали платите, додава тој.

Г-не Трендафилов, Владата пред нова година се фалеше со покачување на платите, а сега вие реагирате дека со закони и одлуки на Влада се планира помали плати за вработените во јавниот сектор, но и во Фондот за здравствено осигурување. Што е проблемот со ФЗО кој има најголем буџет од сите институции во државата?

Тоа што успеавме да го направиме минатата година со зголемувањето на платите, темпото од јануари до декември со потпишувањето на општиот колективен договор и претходните зголемувања на платите на вработените во јавниот сектор, некако како некој да се обидува од почетокот на оваа година да го забави, односно да не се случат дополнителни зголемувања на платите оваа година и на крајот на краиштата во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), како што веќе сите знаат дури и да се намалат за 21 процент платите на колешките и колегите кои работат таму. Неколку законски решенија кои се обидуваат таму на брза трака да ги протнат преку Парламентот со европско знаменце, а за кои кажуваат дека се клучни за реформа администрацијата, меѓутоа реформа не се правите во последните денови од вашиот мандат и последните денови на мандатот на пратениците за да ги донесете ваквите закони, особено законот за административни службеници кои би значел дека во месец март оваа година вработените за кои се однесува тој закон нема да добијат усогласување на платите со Законот за минимална плата, односно нема да добијат по 2.500 денари усогласување на нивните плати.

Каков ќе биде вашиот одговор ако се доколку се случи намалувањето на платите во ФЗО?

Ние се трудиме да ги искористиме сите средства. Тоа што јас го имам како информација како претседател на ССМ, е дека веќе е донесена одлука за штрајк. Штрајкот е непопуларна мерка кон која прибегнуваат работниците и синдикатите само во ситуација во која немаат излез, кога ќе бидат ставени до ѕид. Се разбира дека егзистенцијата на работниците е најважна и работниците не можат да работат со намалување на платите за 21 отсто и решени да штрајкуваат. Жално е тоа што сите ние ќе трпиме поради ваквиот однос на функционерите, на мала врата да го спроведат ова намалување на платите и пак вината да ја префрлаат на синдикатите. Не се работниците виновни за тоа што ќе им се намали платата и не за тоа што ќе штрајкуваат поради намалување на платите. Виновни се оние кои ја креираат политиката. Очекуваме разумни луѓе во Управниот одбор да донесат разумна одлука и да не го дозволат тоа и да не го блокираат функционирањето на ФЗО.

ССМ реагираше дека ако се донесе Предлог-законот за административни службеници ќе значи намалување на платите за вработените во јавниот сектор за 2.500 денари. Нели е доцна да реагирате бидејќи законот е веќе во собрание?

Ние бевме гласни со протести по однос на ова прашање, меѓутоа на крајот на годината министерот повикан дека тоа што го прави не е добро, дури ѝ се закануваше на Владата со оставка ако не му поминат ваквите закони тој ќе се повлече од Владата, дека Владата ќе пропадне и слично и последните денови од годината го доставуваа законот до Собраните, ние го спречивме, па го повлекуваа и повторно го доставуваа. На крај сега сме сведоци дека пред некој ден со европско знаменце започнала расправата.

До нова година се протестираше, дали и сега ќе продолжите со протестите за повисоки плати?

Тоа што ние го правевме цела мината година и на крајот на минатата година, продолживме да го правиме од самиот почеток на оваа година со колешките и колегите од ФЗО. Незадоволството на работниците и очекувањата се да не се поминат овие закони кои ќе задираат во нивниот личен доход и во нивната плата. Доколку, тоа се случи работниците се спремни, и во време на процесот кој ќе биде на спроведување на изборите, бидејќи веќе имаме техничка Влада, да го изразат своето незадоволство и на улица доколку е потребно.

Која е заднината за Работничкиот дом, кој сака да ја земе зградата?

Изненадени бевме од одлуката на Врховниот суд, особено поради тоа што шест пресуди претходно, и во прв и во втор степен, беа токму на име и на сметка на ССМ и дека не може и не смее некој да задира во сопственоста, без оглед на тоа дали се работи за ССМ или пак некој друг. Но, преиначувањето на сите тие постапки од страна на Врховниот суд, односно од страна на тројца судии кои ја креираат лошата слика можеби за целиот Врховен суд, е навистина поразително за едно општество како што е Македонија.

Вие го обвинувате Врховниот суд, но кој го покренал овој правен спор?

Процесот е започнат по завршување на целокупните управни постапки во име на ССМ и по донесување на пресуда на Врховниот суд во 2004 година кој констатира дека ССМ е сопственик во управна постапка. Покрената е граѓанска постапка во 2005 година. Ги испитуваме се уште почетоците за да видиме која влада, кој бил премиер на Влада, иако се сомневаме, донела одлука поради која што ова е направено со одлука на тогашна влада во 2005 година, по која постапувало Јавното правобранителство и која и Владата и Јавното правобранителство ги изгубила сите случаи и процеси поврзани со ваквата работа за одземање на имотот на работниците, односно Работничкиот дом во период од 2005 година до 2023 година.

Related posts

Османи: Ако сака Влада, ВМРО-ДПМНЕ мора да се согласи на уставни измени

admin

Грковска во Вашингтон: Се надевам дека црната листа на САД уште повеќе ќе се надополнува

admin

(ВИДЕО) Милошоски: Би било наивно да се смени Уставот само за да се отпочнат преговори за членство

admin

Таравари за Гласот на Америка: Единствениот пат на Северна Македонија е европскиот пат

admin

Алиу: Балансерот за етнички вработувања треба да се замени

admin

Зибери: Одбив да бидам технички премиер

admin