22.8 C
Скопје
27 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТСЦЕНА

„Островот на развратот“ стана инкубатор на шпекулации

Повеќе македонски медиуми ги пренесоа пишувањата на американските колеги дека познати имиња како Опра Винфри, поранешниот американски претседател Барак Обама, покојниот физичар Стивен Хокинг, кој животот го помина во количка, Камерон Дијаз и низа други славни личности, биле на листата на корисници на услуги на малолетните девојки, кои ги злоупотребил Џефри Епштајн. Проверката на неодамна објавените судски документи од судењата, ја извадија вистината на виделина.

Што се случи?

Некои со внимание, а други со трепет и страв го очекуваа 3 јануари, за кога беше најавено објавувањето на записниците од судењето на соработничката на познатиот сексуален престапник, Џефри Епштајн, Гислајн Максвел. Епштајн беше обвинет за сексуално посредување на млади девојки и малолетнички, но не го дочека судењето и во 2019 година се самоуби. Максвел во декември 2021 година е осудена на 20-годишна затворска казна за помагање на Епштајн да регрутира и сексуално злоставува малолетни девојчиња. Судијката Лорета А. Прески наложи јавно објавување на записниците од рочиштата, кои содржат 187 имиња, меѓу кои и на многу познати личности.

Дел од македонските медиуми излегоа со наслови:(ВИДЕО) Објавени документи за педофилот Епстин: Се спомнуваат Клинтон, Трамп, Принцот Ендрју;Бил Клинтон сакал млади девојки – Сите детали за новите документи за педофилот Џефри ЕпстинСе појавија нови шокантни детали: Епштајн снимил интимни односи помеѓу принцот Ендру и Бил Клинтон (видео).

Хокинг, Клинтон, Трамп, Дијаз навистина се споменуваат во судските документи. Корисниците на социјалните мрежи со запрепастување коментираа дел од имињата, додека најзачудувачки коментари имаше за светски познатиот физичар, Стивен Хокинг, кој  од својата 21 година живот, боледуваше од амиотрофична латерална склероза и беше речиси парализиран.

Но, кога ќе се прочитаат детално, ќе се види и тоа дека дел од овие имиња ги споменуваат сведоците на судењата во различни контексти, но само за дел од нив се тврди дека ги користеле сексуалните услуги на девојките со кои посредувале Епштајн и неговата осудена соработничка Гислајн Максвел.

Фотографија со имиња за која е тврди дека е од изворниот судски документ, беше споделувана меѓу корисниците на социјални медиумите. Оваа фотографија ја следеше тврдење: Опра Винфри и Барак Обама се меѓу повеќе од потврдени посетители на приватниот  остров на  Епштајн.

Ова е неточно и наводниот список е измислен. На листата се наоѓаат имиња, кои никогаш не се појавуваат во ниту една официјална евиденција поврзани со случајот Епштајн. Од друга страна, на списокот нема ниту едно од имињата, за кои јавно потврдиле дека го посетиле островот.

Семеен одмор на Обама

Барак Обама: Се појави едитирана фотографија, која настанала на основа на  оригиналната фотографија, на која се гледа како семејството Обама се одмора на Хаваи.

Oпра Винфри:Се појави и тврдење дека приватниот авион на Опра Винфри го посетил островот на Џефри Епштајн 11 пати, а учениците од нејзиното училиште биле киднапирани. Меѓутоа, нема вакви докази, ниту пак таа е наведена во дневниците на Епштајн за летовите кон приватниот остров. Што се однесува до масовното киднапирање на деца од училиште, навистина имаше таков случај, но не за училиштето на Винфри.

Стивен Хокинг: Се појавија видео и фотографија на кои се тврди дека е  Стивен Хокинг, додавајќи објаснување дека документите на Џефри Епштајн ги опишуваат сексуалните „склоности“ на покојниот физичар. Меѓутоа, се работи за измислени содржини, првично објавени на X, порано Твитер, што јасно покажува дека клиповите и сликите што ги споделува не се автентични. Хокинг во друштво на неколку други научници навистина престојувал на островот, ама на  петдневна конференција, пред Епштајн да биде обвинет за сексуална трговија со малолетници. Хокинг, кој почина во 2018 година, никогаш не бил обвинет за кривично дело поврзано со Џефри Епштајн.

Мајк Џексон: Името на покојниот пејач навистина се споменува во судските документи, но само низ исказот на сведокот Јохана Сјоберг, една од наводните жртви на Епштајн. Таа вели дека го видела Мајкл Џексон во резиденцијата на Епштајн на островот, но кога ја прашале  во судот дали „го услужила со масажа“, Сјоберг одговорила со „не“.

Наспроти овие имиња, за многу други познати личности, во судските документи има сведочење дека биле корисници на сексуални услуги на млади девојки, често и малолетнички, обезбедени од покојниот Епштајн и неговата партнерка во животот и бизнисот, Максвел. Но, паралелено со објавувањето на судските списи, се појавија голем број на дезинформации, модификувани видео и графички содржини, со цел привлекување публика. Факт е дека голем дел од имиња на славни и анонимни чличности од овие списи немаат сторено никакви криминално дела. Меѓу нив и пилоти како и работници или доставували на имотот на Епштајн.

Деманти и објаснувања

Дел од славните имиња побрзаа да демантираат, како актерката Камерон Дијаз,  која е спомената од  сведокот Јохана Сјоберг. Сведокот во текот на судењето тврдеше дека Епштајн се фалел дека познава големи ѕвезди како Дијаз, Леонардо ди Каприо, Брус Вилис и други. Кога ја прашале дали ја запознала Дијаз, таа цврсто одговорила со „не“.

Од соработниците на Дијаз стигна демант на медиските пишувања дека славната актерка е поврзана со криминалните дејанија на островот.

„Камерон никогаш не го нема запознато Џефри Епштајн, ниту била на истото место како него или имала каква било поврзаност со него, без оглед на фактот дека можеби го спомнал или не го спомнал нејзиното име или имплицирал дека ја познава“, напишаа во официјална информација до медиумите.

Записниците од судењата на Максвел, од каде потекнуваат медиските информации за вмешаноста на многу познати имиња се јавно достапни и секој може да ги прочита. Сведочењата најдобро илустрираат што навистина се случувало на приватниот остров на развратот на Епштајн.

В.К.

Related posts

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО БИХ: НАЈАВЕНИТЕ ЗАКОНИ НА ВЛАСТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА СЕ РЕПРЕСИВНИ

ninja

„Не можам да верувам дека зборувам за мојата мртва ќерка“: Потресна исповед на таткото на младата аргентинка која загина во Приштина

admin

Еден кандидат не го потпиша кодексот за фер и демократски избори

admin

Николоски: Курти е најпопуларниот албански политичар, тој е со сите што се против ДУИ и Ахмети

admin

Ковачевски алармира за последиците ако не се случат уставните измени

admin

Милошоски: СДС да се изјасни – или се за ДУИ, или за Македонија

admin