7.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ ги одреди носителите на кандидатските листи

Владејачката СДСМ ги соопшти носителите и коносителите на официјалните листи за пратеници на претстојните парламентарни избори. Партиското раководство ќе биде носител на листите во сите шест изборни единици, јави Гласот на Америка.

„СДСМ на овие избори ќе понуди луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните и ќе го забрзаат развојот на државата“, рече Ковачевски пред присутните сопартијци на Конгресот.

Во својот говор, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски најави победа на парламентарните и претседателските избори.

Ковачевски ќе ја предводи листата во Изборната единица (ИЕ) 1, а на второто место односно коносител е претседателката на Либерално Демократската партија (ЛДП) Моника Зајкова.

Во изборната единица два (ИЕ) 2 носител е поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а коносител ќе биде актуелниот вицепремиер за економски прашања и потпретседател на партијата Фатмир Битиќи.

Во третата изборна единица (ИЕ) 3 носител на листата кандидати за пратеници ќе биде заменик претседателката на СДСМ и директор на УЈП Сања Лукаревска а на второто место е министерот за земјоделие, Љупчо Николовски.

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче се враќа во политиката и ќе бие носител на листата во изборната единица четири (ИЕ) 4. Второто место на листата е за Јована Тренчевска дополнителен заменик министер во труд и социјални работи.

Во петата изборна единица (ИЕ)5 прв на пратеничката листа на гласачкото ливче ќе биде актуелниот собраниски спикер Јован Митрески а коносител ќе биде потпретседателката на СДСМ и министер за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во шестата изборна единица (ИЕ) 6 министерката за одбрана Славјанка Петровска е на првото место а коносител е Агрон Демири.

Претседателот на партијата Димитар Ковачевски, во своето обраќање пред присутните на Конгресот соопшти дел од изборната програма за која кажа дека е напишана на над двесте страници.

„Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 37.000 денари. Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Од оваа година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата. Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години. Со новата програма се обезбедуваат уште поголеми субвенции и поддршка за нашите земјоделци од 750 милиони евра. Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти“, рече Ковачевски пред присутните на Конгресот.

Според неофицијални информации седниците на Извршниот и на Централниот одбор на партијата, на кои се утврдуваа носителите и коносителите на листите но и редоследот на кандидати имало незадоволство и реакции на дел од присутните и од членството а дел од присутните високи функционери наводно и си заминале од состаноците. Дел од медиумите тврдат дека актуелниот пратеник и портпарол на партијата Дарко Каевски самиот побарал да биде тргнат од листата незадоволен бидејќи му било доделено седмото место на листата во првата избирачка единица.

Токму тој по состаноците на двете партиските тела изјави дека станува збор за дезинформации.

„Апсолутно се неточни тие информации. СДСМ е обединет и денес ќе покаже дека има вистински луѓе“, изјави Каевски.

 

Related posts

Подобрата распределба на парите го изедначува статусот на мажите и жените: Какви се капацитетите на македонските институции?

admin

Заврши прикаската на СДСМ за „менторот од Будимпешта“

admin

ВУЧИЌ: СРБИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ ЦЕЛОСНО ИЗОЛИРАНА АКО ГО ОТФРЛИ ЕВРОПСКИОТ ПЛАН ЗА КОСОВО

ninja

САД одбиле да и дадат Ф-16 на Бугарија

admin

Таравари до министерот Шаќири: Запри ја партизацијата на Тетовскиот универзитет

admin

Србија преку авионски линии ќе се поврзува со САД

admin