18.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

ЗА ПОЛИТИЧКАТА ДИОПТРИЈА НА ЕДЕН СТРАНСКИ НАБЉУДУВАЧ

Тврдењето на шефот на канцеларијата на германската Фондација Конрад Аденауер во Скопје за отсуство на ЕУ како главна тема на овие пртседателски и парламентарни избори во Северна Македонија, наспроти острите конфронтации помеѓу главните играчи токму за ЕУ е, ако ништо друго, фрлање вода на бензин!   

Пишува: Сељадин Џезаири 

Деновиве, шефот на канцеларијата на германската Фондација Конрад Аденауер во Скопје, Даниел Браун, не потсети кои ни се главните главоболки во предвечерието на големото финале на претседателските и парламентарните избори. Браун, свесно или не, зазеде страна со тврдењето дека „ЕУ не е главна тема“:

„Темата за корупцијата, лошата состојба на здравствениот систем, аерозагадувањето, животната средина, образованието и економијата, ЕУ не е главна тема.“ (Браун за Дојчландфунк).

За воља на вистината, „Фронтот за Европа” (ДУИ) и „Нема откажување од иднината”(СДСМ), во целата изборна кампања се со полна уста за ЕУ! Зарем прашањата врзани за корупцијата, здравствениот систем, животната средина и економијата, па и образованието, не се дел и од предизборните кампањи на целиот европски континент?

Тврдењето на претставникот на реномираната германска фондација, колку и да има одредена партиска боја, сепак не го отсликува главниот проблем на земјата: како нанапред до одредената цел: полноправно членство во Европска Унија? Оти, како што стојат работите, не е дека не се забележува евроскептицизмот кај апслутниот победник на овие избори: ВМРО-ДПМНЕ. Република Северна Македонија има своите домашни задачи, токму врзани за темите што ги спомнува шефот на канцеларијата на германската Фондација Конрад Аденауер во Скопје, но и за влегување во европското семејство. Впрочем, ценетиот Даниел Браун, би требало да знае дека, да речеме, и наспроти големите разлики помеѓу двете албански коалиции (ВРЕДИ и Фронт за Европа), сепак членство во Европската Унија е можеби едиствена нишка што ги поврзува. На страна, кој са залага со зборови, а кој со дела!

Индиферентноста кон ЕУ-интегративниот процес на одделни политичко-партиски чинители во земјата, а и вон неа, секако може да има прескапа цена за целата земја, во оваа тешка и сложена светска изборна година, обременета и со две сериозни кризни жаришта (Украина и Блискиот Исток). Оттука, трдењето за отсуство на ЕУ како главна тема, наспроти конфронтациите помеѓу главните играчи токму за ЕУ е, ако ништо друго, фрлање вода на бензин

!

 

Related posts

АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТИ ЗА МАКЕДОНСКИ АРАМИЛУК

admin

ЗОШТО НЕ СЕ НАЦИОНАЛИЗИРА ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР?

admin

Тешка стратешка грешка

admin

Дали С. Македонија не го потпиша меморандумот со Хрватска, Косово и Албанија по сопствен избор или поради недоверба?

admin

Високото музичко образование и пазарот на труд

admin

ЗИГЗАГ: ОМРАЗАТА КАКО АДУТ ЗА ПОБЕДА НА ИЗБОРИ

admin