29.4 C
Скопје
3 август, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗАСТАВ

Вештачка интелигенција, продуктивност, економски раст

Пишува: Ристе Костовски 

Економијата е наука која нè учи како најрационално да ги алоцираме ретките и ограничени ресурси. Како фактори на производство се јавуваат трудот, капиталот, претприемништвото и природните ресурси. Целта на секоја земја е креирање на поголеми стапки на раст на БДП. Во овој дел потребно е креирање на соодветни мерки и политики за постигнување на оваа цел. Но, во економската теорија има нешто што се нарекува потенцијален БДП. Тоа е она ниво на раст кое економијата може да го испорача доколку не е инхибирана од кризи итн., при дадено технолошко ниво. На пример, доколку земеме временска серија на растот на БДП на Македонија од 1991 до 2025 година, ќе забележиме дека, со исклучок на одредени години, имаме ниски стапки на раст на БДП.

Затоа потребна е поинаква основа и поинаков развоен модел, не само на Македонија, туку и на регионот, па и на ЕУ, за подигање на нивната конкурентност, чија стапка на раст на БДП во 2025 година изнесува 1,6%, а на САД 2,1% истата година. (Извор: ММФ).

Ова ми е влез во поентата бидејќи развојниот модел во овие околности во кои живееме се базира на вештачката интелигенција, а економскиот развој, пак, може да се дефинира како способност на економијата за трансформација. Оттука, доколку ги поврземе овие два концепти, значи растот во овие околности, за да биде динамичен, треба да биде воден од технологијата и АИ.

Постои еден одличен индикатор – Индекс за подготвеност за ВИ, кој што го оценува нивото на подготвеност на земјите врз основа на богат сет на макроструктурни показатели кои ги опфаќаат дигиталната инфраструктура, човечкиот капитал и пазарот на труд, иновациите и економската интеграција, како и регулативата и етиката. AIPI се состои од четири клучни димензии:

1. Дигитална инфраструктура

2. Човечки капитал

3. Технолошки иновации

4. Правни рамки

Овие четири димензии се сметаат за суштински за успешно усвојување и примена на вештачката интелигенција.

Лидер по овој индикатор се САД, со највисок AIPI резултат од околу 0,73. Зад нив се земјите од Г7 и други развиени земји.

Глобалниот просек е 0,55.

Постои јасна врска меѓу економскиот развој и овој индикатор. ЕУ покажува високо ниво на подготвеност, но заостанува зад САД.

Она што е важно е дека постојат големи разлики меѓу регионите и меѓу земјите, со што се креираат јазови и нееднаквости.

Оттука, потребен е кохерентен пристап во овој дел и политиките да бидат насочени токму кон овие пилари со цел надминување на истите.

Да се вратиме пак на Македонија. Македонија во континуитет има ниски стапки на продуктивност на трудот, но и на вкупната факторска продуктивност, која ја дефинира ефикасноста на факторите на производство во моделот на раст.

Затоа е неопходно политиките да бидат насочени кон образованието, креирање истражувачки центри, подигање на нивото и свеста за етичкото користење на ВИ, со цел да ја зголемиме нашата конкурентност.

Related posts

Зошто скршена Русија е лоша за светот

admin

Каде оди светот

admin

Синдром на ништење

admin

Дојди во пет до пет

admin

Време е за нова политичка класа

admin

ПИШМАН АЏИЈА

admin