5.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари кај Курти: Средба со голема симболика

Кандидатот за претседател од редовите на опозициската коалиција ВРЕДИ, Арбен Таравари, синоќ во Приштина се сретнал со премиерот на Косово, Албин Курти. 

Целта на средбата не е позната, додека на истата биле присутни и Илир Џафери, синот на поранешниот лидер на ДПА Арбен Џафери, како и Фета Алими, личноста која му го спаси животот на Зијадин Села во настаните од 27 април 2017 година во македонското Собрание.

„Сега сме во Приштина на средба на Албанците со голема симболика! Со Илир Џафери, наследникот на Арбен Џафери, со Фета Алими, храбар на храбрите, и со премиерот на Република Косово, Албин Курти, кој е поддржувач на нашата кауза, инспиративен и пример за големи движења!
ПРОМЕНАТА ПОЧНА!“, напиша Таравари на неговиот Фејсбук профил.

Инаку, коалиција ВРЕДИ беше договорена токму во канцеларијата на косовскиот премиер Курти, додека три кандидати на нејзините листи на кандидати за претседател се предложени од Самоопределување.

Related posts

ДУИ: ОВК е сè за Албанците, а не ништо, министерке Јаневска!

admin

Во Тетово не се гради втор студентски дом „на штета на Штип и Скопје“

admin

Тешки судири меѓу Израел и Хамас во Кан Јунис

admin

ЕУ во потрага по стратегија за Трамп

admin

Ахмети по средбата со Ескобар: ДУИ е подготвена да го води процесот

admin

Таравари тврди дека ВЛЕН е летаргична, Касами го нарече “нула”

admin