24.8 C
Скопје
13 септември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ескобар: Добивме уверување од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе останат посветени на европскиот пат

Очекуваме дека Северна Македонија ќе продолжи по европскиот пат, кажа заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, во онлајн интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет.

Ескобар, за време на разговорот за улогата на САД во услови на предизвици на Западен Балкан, беше прашан дали по победата на ВМРО-ДПМНЕ и зголемената загриженост за Договорот од Преспа се` уште верува оти патот кон Европа ќе продолжи, како што изјави на денот на изборите.

„Да. Мислам дека Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Северна Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО, и верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО. И добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија [ВМРО-ДПМНЕ] која победи на изборите, дека ќе останат посветени на европскиот пат“, одговори Ескобар.

Toj рече дека всушност „постои сè поголем реализам дека нема друга алтернатива“.

„Така, мислам дека ќе видиме и се надевам дека ќе видиме тој пат да продолжи да биде главна политичка цел на новата влада“.

Грција го поврза напредокот на државата кон ЕУ со целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно со „употребата на уставното име на земјата“, откако Гордана Сиљановска-Давкова кажа Македонија, а не Северна Македонија, при заклетвата на инаугурацијата за претседател.

Кабинетот на Сиљановска-Давкова веднаш по инаугурацијата соопшти дека претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, но оти во нејзините јавни настапи „има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација“.

Грчкото министетство за надворешни работи изјави дека потегот на Сиљановска е несомнено кршење на Договорот од Преспа.

„Грција категорично наведува дека понатамошниот напредок во нејзините билатерални односи со Северна Македонија, како и напредокот во европскиот курс на оваа, зависи од целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно од употребата на уставното име на земјата“, соопшти грчкото МНР по инаугурацијата.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, на настан на 17 мај, кажа дека Грција нема да ги ратификува меморандумите кои произлегуваат од Преспанскиот договор, ако тој не се почитува од новата влада.

Стејт департментот, на прашање на Гласот на Америка на македонски дали САД ќе ја повикаат Грција да ги изгласа меморандумите, како што ја повикаа и Северна Македонија да го почитува договорот, изјави дека „САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и на евроатлантските интеграции на Северна Македонија“.

Oд прес-службата на Стејт департментот кажаа дека како што ќе се формира нова влада и ќе се избере премиер, САД ќе продолжат да ја истакнуваат важноста да се почитуваат „ меѓународните договори и придобивките од полноправното членство во Европската Унија“.

Related posts

Објавени податоците од пописот за 2023 година, Албанија со минус 429 илјади жители

admin

“Ако политички се дестабилизира ќе се одрази…”: Османи ги коментира изборите во Турција

admin

Новата развојна банка БРИКС го овласти Алжир да се приклучи

admin

11 НАЈВАЖНИ СЛУЧУВАЊА КОИ СВЕТОТ ГИ ОЧЕКУВА ВО 2023 ГОДИНА

ninja

Договорот со „Бектел и Енка“ ги „потона“ антикорупционерите

admin

Мицковски: Средбата заврши со неуспех, добро е што се воспостави комуникација – сме за влада без ДУИ

admin