-0.2 C
Скопје
17 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски започнува со преговори за формирање влада

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите на рамката врз која ќе го градат коалицискиот потенцијал со останатите партиите. Таа се состои од три точки. Прв потенцијален партнер е Вреди.

ВМРО-ДПМНЕ која што освои убедлива победа на двојните избори во Северна Македонија, започна да бара коалициски партнери за формирање на новата влада. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи информираше дека претпладне одржал состанок со партиското раководство на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го градат коалицискиот потенцијал со останатите партиите. Фокусот ќе бидат луѓето на прво место, вели Мицкоски.

Рамката за постизборно коалицирање се состои од три точки: економски силна држава, преку реформи и чекори кои ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард, фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда и реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.

„Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема. Македонија ќе биде повторно твоја!“, порача Мицкоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски претходно на прес-конференција рече дека првите резултати од идната влада треба да се почувствуваат во првите 100 дена од нејзиниот мандат. Партијата засега има комуникација со претставниците на Коалицијата „Вреди“ (Влен) за формирање влада.

На изборите коишто се одржаа на 8 мај убедлива победа извојува Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот 120 член собраниски состав. Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ освои 153.250 гласови (15,36%) и 18 пратеници, Европскиот фронт на ДУИ -137.486 гласови (13,78%) и 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ – 106.991 гласови (10,72%) и 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 гласа (5,57%) и исто така шест пратеници. /DW

Related posts

Рекорден број хакерски напади врз институции, голем дел не пријавуваат

admin

Радев со порака до Силјановска-Дафкова: Променете ја реториката

admin

Економијата во 2024: Има ли надеж за пооптимистички тонови?

admin

ДАЛИ НА ЗАПАДОТ МУ СНЕМА МУНИЦИЈА?

ninja

Пукање во фабриката на Мерцедес, 2 убиени

admin

Рама предложи план за формирање на Асоцијација, Курти нервозен

admin