24.8 C
Скопје
20 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Милош Вучевиќ со одговор до Свечла: Во Приштина има исклучително висок степен на завист и омраза

Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ денеска оцени дека “коментарите на самопрогласен функционер на лажна држава за претседателот Александар Вучиќ докажуваат исклучително високо ниво на завист и омраза, како емоции кои доминираат во политиката на Курти”, јави Тањуг.

„Завист, затоа што во Приштина немаат, ниту некогаш ќе имаат, ни милион дел од политичкиот капацитет, интелектуалната сила и моралната цврстина на Александар Вучиќ. Омраза, затоа што не можат, и покрај сета поддршка на истомислениците во српската опозиција, ја намалуваат историски високата поддршка на српскиот народ што ја ужива српскиот претседател Александар Вучиќ“, рече Вучевиќ.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, денеска по повод плакат на северот на Косово со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ со порака „Врховен командант, те чекаме“ се закани дека доколку Вучиќ доаѓа на Косово без претходно барање, ќе биде уапсен.

Related posts

Ќе паѓаат ли цените на становите?

admin

ВУЧИЌ ПО СРЕДБАТА СО КУРТИ ВО БРИСЕЛ – ИМАВМЕ ТЕЖОК СОСТАНОК

ninja

Фетаи до Ахмети: „Јас не сум ничиј слуга – тој епитет задржи го за себе“

admin

“Шпиономанија” во Русија, се интензивира потрагата по внатрешни непријатели

admin

Американските трговци во паника: Царините ги празнат полиците

admin

Мицковски: Од државотворна СДСМ се претвори во измеќар на ДУИ

admin