3.8 C
Скопје
7 февруари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Каде е добрата волја во формулата за добрососедски односи?

Сиљановска смета дека процесите може да се подобрат со интерпретација на преговарачката рамка. Софија не отстапува од ставот дека обврските треба да се исполнат без одложување.

Бугарија презела итни мерки за информирање на земјите-членки на ЕУ за „недозволивото однесување“ на водечки политички фигури во РСМ, за обидите за предефинирање и предоговарање на постигнатиот консензус за преговарачката рамка и впишување на Бугарите во Уставот. Ова го кажал службениот премиер и вршител на должноста министер за надворешни работи, Димитар Главчев, при неговото вчерашно сослушување во бугарското Собрание, за развојот на процесите со Северна Македонија по усвојувањето на „францускиот предлог“.

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во вчерашното интервју на ТВ Канал 5, на прашањето кога ќе се создадат услови за да се репреговараат условите за членство во ЕУ, посочи дека не рекла оти треба да се репреговара.

„Преговарачката рамка е правен факт, но може да се направи интерпретација на преговарачката рамка“, посочи таа.

„Може одложено дејство, може толкување, да почнеме ние преговори, да не става Бугарија вето, за да изградиме пријателски односи. Ние ќе брзаме во исполнувањето на Копенхагенските критериуми, Бугарија ќе покажува добра волја, нема да нѐ кочи, и така ќе се сретнеме побрзо -ем ќе стапат во сила измените (уставните -н.з.), ем ние ќе бидеме пријатели“, рече Сиљановска.

Нема притисок врз Софија

Во Бугарија градењето на доброседството доминантно се гледа низ призмата на она што е ставено на хартија – билатералниот договор меѓу двете земји и европскиот (француски) предлог. Сиљановска вчера потсети – „во ниту еден член од Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија не пишува дека треба да го менуваме Уставот и да ги внесеме Бугарите“.

Добрата волја и градењето мостови постојат како фрази во политичките изјави од Бугарија, но без конкретна операционализација во сегашноста. Во однос на преговарачката рамка, Софија не отстапува од позицијата дека преземените обврски треба да се исполнат без одложување. Истиот став вчера го повтори и службениот премиер на Бугарија.

„Досега бугарската влада стриктно се придржува до ставот потврден со одлуката на Националното собрание од 24 јули 2022 година, со кој се определуваат условите под кои Република Бугарија може да поддржи каков било чекор од процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија. Усвојувањето и итното стапување во сила на уставните измени, со кои Бугарите ќе бидат впишани со другите народи, е незаобиколив предуслов за понатамошен напредок во евроинтеграцискиот процес на Скопје“, изјавил Главчев пред бугарските пратеници.

Притоа нагласил дека не се врши притисок врз Бугарија за отстапки кон РСМ, и дека ставот на Софија го делат и нивните партнери во Унијата.

„Не само што не се врши притисок, туку, ако тоа може да се нарече притисок – на повикот да се почитува договореното кон нас се придружуваат и другите земји од ЕУ“, потенцирал тој.

Ја мотивирале и Атина

Главчев вчера го презентирал најновиот успех постигнат на состанокот на Европскиот совет (27-28 јуни), во врска со прашањето за РСМ, кога Бугарија директно ја измотивирала и Грција да се пожали дека не се почитувал Преспанскиот договор.

„Интересното што се случи, според Постојаното претставништво на Бугарија во Брисел, е тоа што за првпат на нашето мислење се приклучи и Грција. Имено, грчкиот премиер изјави дека прашањето што го поставил бугарскиот премиер го натерало и тој да изрази мислење дека РСМ не го почитува Договорот од Преспа“, изјавил Главчев пред пратениците. /DW

 

 

 

 

 

 

 

 

Related posts

Брисел домаќин на самитот ЕУ-Западен Балкан: Потврда на заложбите за проширување

admin

Бајден го потпиша Законот за фискална одговорност како крај на кризата со ограничување на долгот

admin

Бизнисмени во пратеничките клупи

admin

Милош Вучевиќ со одговор до Свечла: Во Приштина има исклучително висок степен на завист и омраза

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што ДУИ е подготвена да замине

admin

Ковачевски – Осуда за одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“

ninja