7.8 C
Скопје
11 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тошковски: Ќе има постапки за сите „недопирливи“

Министерството за внатрешни работи ќе ги процесуира сите постапки коишто ги има врз основа на докази и факти, за секој еден од оние коишто досега биле „недопирливи“ и чие што име и презиме не смеело ни да се каже во рамки на истражните органи, изјави денеска (24 јули) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„МВР во иднина нема да брка вештерки како досега, туку ќе биде насочено врз основа на конкретни докази, особено за дејствија коишто се на штета на буџетот на државата и на штета на македонските граѓани. Секој еден којшто се огрешил да одговара пред органите на прогонот“, изјави Тошковски.

Во врска со вчерашните обвинувања од страна на опозициската СДСМ за неговиот имот, Тошковски рече дека очекувал да биде нападнат од друга опозициска партија, со оглед на поднесената кривична пријава од страна на МВР против внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Во текот на вчерашниот ден факт е дека бев нападнат од страна на една опозициона партија. Искрено очекував да бидам нападнат од една друга опозициона партија особено по она кое што се презема како процесни дејствија во понеделникот од страна на МВР, но жал ми е што СДСМ излегува заштитник и покровител на сите криминали коишто ДУИ ги има сторено во минатото. Сакам да најавам дека во иднина МВР врз основа на докази и факти ќе ги процесуира сите оние постапки коишто ги има за секој еден од оние коишто досега биле недопирливи и чие што име и презиме не смеело ни да се каже во рамки на истражните органи, а камо ли да се процесуира каква била постапка, рече Тошковски.

Првиот полицаец истакна дека во иднина очекува уште пожестоки напади и манипулации, но дека тоа нема да го одврати Министерството да го спроведе секој еден од „недопирливите“, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност.

Во врска со состојбата во затворите, за која деновиве зборуваше директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов, министерот вели дека се ќе биде соодветно процесуирано, бидејќи, како што рече, не може затвореници кои наводно биле во затвор да бидат дел од кривично правни настани надвор од затвор.

„Македонската јавност многу добро знае дека затвореници додека се во затвор биле учесници во рамки на сообраќајни незгоди. Македонската јавност многу добро знае дека затвореници наводно додека биле во затвор биле дел од одредени кривично правни настани надвор од затвор. Сето тоа нормално е дека ќе треба да биде соодветно процесуирано. Ова кое што се случува во затворите е срам за Македонија“, рече Тошковски.

МВР е должно, додаде тој, да ги истражи сите овие наводи, но за внатрешното функционирање на затворите Тошковски го посочи Министерството за правда како надлежна институција. /РСЕ

Related posts

Меџити со оштри критики кон ДУИ: Се откажаа и од Албанците

admin

Трајанов ги носи измените на КЗ пред Уставниот суд

admin

Путин ненајавено во посета на Херсон

admin

КОЈ Е МИРОВНИОТ ПРЕДЛОГ НА КИНА ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА?

ninja

Корупцијата – круцијален проблем и болка за граѓаните, а јавните набавки „плодна почва“ за нејзино распространување

admin

Разузнавачите „ловат“ сигнали на кинеска пропаганда во изборите

admin