20 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Претседателство на Косово: Властите на Северна Македонија ги прекршиле меѓународните правила

Претседателството на Косово соопшти дека властите на Северна Македонија ги прекршиле меѓународните правила и дека на ниту еден аеродром од шефот на држава не се бара да го предаде својот телефон на скенирање.

Претседателството на Косово реагираше по објавувањето на извештајот на Агенцијата за цивилно воздухопловство во Северна Македонија, инсистирајќи на тоа дека властите во Скопје ги прекршиле меѓународните правила.

Претседателството соопшти дека во ниту една земја во светот од шефот на државата не се бара да го предаде телефонот на скенирање.

„Во другите земји не се проверува ниту личниот багаж ниту личната торба на шефот на државата, а камоли личниот телефон. Како Претседателство имаме доволно искуство и со други патувања, бидејќи никаде, никогаш, ниту личната торба, ниту куферот (личен багаж) ниту телефонот на шефот на државата не е подложен на контролира“, се вели во реакцијата.на Претседателството.

„Од десетиците земји што ги посетивме до денес, РСМ е единствената земја во светот која одбива да го примени обичајното меѓународно право и меѓународните конвенции поврзани со шефот на државата. Како што неколку пати изјавивме, на претседателката и ја проверија чантата и истата помина на скенерот. Секоја друга изјава е пропаганда за политички цели. Нема ништо професионално во однесувањето на обезбедувањето кое оди до шеф на држава и му го блокира движењето откако ќе ја стави чантата во скенерот. РСМ ги прекрши меѓународните правила кои се применуваат насекаде во светот со барањето за скенирање на телефонот на претседателот на друга држава, што би претставувало потенцијал за нарушување на националната безбедност“, се продолжува во реакцијата.

Претседателството соопшти и дека по овој инцидент шефот од државата не се вратил во Косово преку скопскиот аеродром.

„Значи таа го смени маршрутата за патување, бидејќи нејзиниот тим за обезбедување оцени дека по вртоглавата пропаганда не постојат ниту основни безбедносни услови за такво нешто“, се вели во реакцијата на Претседателството.

Related posts

На секој трети граѓанин му побарале мито: Корупцијата најголем проблем во Македонија

admin

Најновиот стелт-бомбардер е нуклеарен и само што го направи својот прв лет

admin

ОСМАНИ ВО ПОСЕТА НА МОЛДАВИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ТАМОШНА СЛОЖЕНА ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

ninja

Ковачевски: Границата со Албанија само со едно застанување

admin

Кој е на првото место со санкции во светот?

ninja

Милошоски: Советник на Јанева може да ја урне репутацијата на Судскиот совет

admin