8.8 C
Скопје
8 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИКУЛТУРА

Како Милчо Манчевски за филмот „Сенки“ ја изиграл владата на Груевски и лапнал 1 милион евра

Друштвото на филмски работници на Македонија укажува на големи скандал со народните пари потрошени за неговиот филм „Сенки“. Режисерот си ги гаснел фирмите, прикривал буџетски долгови и со пари од државниот буџет си отворал нови. „До кога државата ќе толерира евидентиран манипулатор да се кити со титула амбасадор на културата и ќе му исплаќа национална пензија?“, јавно прашува ДФРМ.

 

И со снимањето на филмот „Сенки“, Милчо Манчевски фрла дебела сенка врз законското работење со парите добиени од државата – ја изиграл владата на Груевски, а колегите останале финансиски соголени до коска.

Ова го тврди Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), прецизирајќи дека Филмскиот фонд „замижал“ пред смената на фирмите на режисерот, додека 1 милион евра пари на граѓаните завршиле во неговиот џеб, кој очигледно нема дно. Имено, Милчо Манчевски, во манир на транзициски тајкун, со дубари ја згаснал „Сенки“ со долгови, си ја отворил „Банана филм“ како негова нова златна кокошка за милионски сомнителни трансакции со народни пари, обвинува ДФРМ.

Сенката врз филмот „Сенки“ е долга 2 милиони евра!   

Кон серијата јавни обвинувања кои укажуваат на сериозни финансиски криминали од страна на продукцијата „Банана филм“ на Милчо Манчевски, се надоврзува уште еден невиден корупциски скандал, кој според фактите за кои македонските филмаџии велат дека се поткрепени со документација, евидентно го позиционираат Манчевски во редот на „класичните транзициски тајкуни“.

Имено, криминалната проверена шема со која некои транзициски бизнисмени преку ноќ се стекнуваа со богатство, преку намерно водење на фирми во стечај за да ги избегнат долговите, а откако веќе ги наплатиле побарувањата, Манчевски ја употребил во 2009 година, кога е продуциран неговиот филм „Сенки“.

Откако на неговата фирма „Сенка филм“ легнале фантастични 2 милиони евра државни пари, од долговите Манчевски експресно се ослободил, така што ја згаснал „Сенка филм“ и си ја отворил новата фирма „Банана филм“. Како што сведочат дел од филмаџиите, негови соработници на проектот, Манчевски им останал должен за услуги и хонорари. За тоа во едно интервју говори и продуцентот Иво Антов. Додека тој правдата ја барал по судови, Манчевски од државните 2 милиони евра, за себе наплатил половина, или феноменални 1 милион евра! И тој не е единствен, кој покрај судските одлуки, не можел да ги наплати долговите, бидејќи компанијата „Сенка“ оди во стечај.

И така, „Банана филм“ уште од самото основање ја почнува својата криминална приказна, за денес, финансиската историја на нејзината сметка, низ која се прелеани милиони евра пари на граѓаните, да биде предмет на постапување на надлежните органи.

Како вртела центрифугата со „отвори – затвори“ фирми и како Манчевски од Груевски бесправно успеал да се офајди со нови пари

Освен тајкунската дубиоза со фирмите, во случајот со филмот „Сенки“, Манчевски, како и за други проекти, на име на промоција и дистрибуција за филмот, ќарил двократно, тврди ДФРМ, повикувајќи се и на напис од медиумите од декември 2007 година. Владата на Никиола Груевски на фирмата „Сенка“ на Манчевски ѝ доделува енормна сума од 200.000 долари за промоција и за дистрибуција на филмот „Сенки“, наводно да се бори за пласман во најтесната селекција за наградата Оскар за филм од странско говорно подрачје. Само за споредба, останатите македонски филмови за истата намена од државата добиваат помеѓу 5.000 и 10.000 долари!

Не само што филмот во обидот за номинација доживува очекувано фијаско, туку Манчевски бесрамно, повторно во 2009 година, три години од почетокот на снимањето (17 август 2006 година), врши притисок врз Филмскиот фонд за дополнителни средства за промоција и за дистрибуција на истиот филм, но овој пат на новата фирма „Банана филм“.

Според постоечката документација, Филмскиот фонд во мај 2009 година склучил договор за финансирање Проекти од национален интерес со „Сенка Милчо Манчевски ДООЕЛ“, за поддршка, дистрибуција и за реклама на играниот филм „Сенки“ во износ од уште 1.197.667 денари (19.500 евра).

Во член 4 од договорот се вели дека корисникот е должен да направи наративен и финансиски извештај, извештај за готовинските парични текови на проектот со спецификација за вкупните трошоци со прилог документација за потрошените средства (фактури и договори), со рок од 15 дена по завршетокот на дистрибуција и реклама на филмот.

Овој договор е склучен на 12 мај 2009 година, а е заведен во Филмскиот фонд на 27 мај 2009 година. Само два дена подоцна, на 29 мај 2009 година, е направен анекс на претходниот договор и парите, наместо на „Сенка Милчо Манчевски“, се префрлат на „Банана продукција“.

Компанијата „Сенка“ згаснува, парите потрошени, отчет нема, колегите на Манчевски нецелосно или воопшто неисплатени

Не пости запис кој објаснува која е причината за ваквата промена, а исто така нема ниту финансиски извештај за што и како биле потрошени овие пари од претходната фирма, тврди ДФРМ.

Од документите заведени во Централниот регистар, се гледа дерка Милчо Манчевски е сопственик на „Сенка Милчо Манчевски“, но фигурира како американски државјанин, додека пак компанијата, покрај приоритетната дејност филмска продукција, има регистрирана дејност за надворешна трговија со прехранбени и непрехранбени производи.

До денес, дел од оштетените учесници во македонската екипа, иако добиле на суд, не можеле да ги добијат побарувањата, поради криминалното згаснување на фирмата „Сенка“.

Клиентелизмот на Милчо Манчевски и на неговите заштитници – прочитана книга

Манчевски е веќе прочитана книга, велат негови колеги филмаџии. Секогаш кога институциите на правдата ќе му затропаат на врата за милионските сомнителни трансакции со државните пари со кои располагаат неговите фирми, тој веднаш се прогласува за жртва, менува страна па , па се шалта кон „шарените“, или ги мобилизира неговите, како што веќе беше објавено во медиумите „заштитници“, блиски пријателски контакти, во институциите, Владата или невладините организации.

– Политичките времиња се менуваат, но кој постојано „го вади“ Манчевски пред Законот? – прашуваат од ДФРМ.

Институциите интензивно водат истраги за „Банана филм“?

На несигурниот политички терен, филмскиот олигарх Манчевски, како што го нарекуваат колеги филмаџии, неодамна се излизга и на нему по народните пари сличната доскорешна министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Вака, прочитан од властите и критичката јавност, нашиот „филмски олигарх“ со последните шурувања со Костадиновска Стојчевска, се лизна кон длабокото, а институциите интензивно постапуваат и водат истраги за сите сомнителни дејствија на „Банана филм“ и на Манчевски.

– Вистинската жртва на сите овие скандалозни дејствија предизвикани од Манчевски денес се македонскиот филм и македонската кинематографија. Ние во Друштвото на филмските работници на Македонија, во името на македонскиот филм, на неговото вонредно успешно минато и на неговите актуелни креативни филмски потенцијали, сме уверени дека нашите надлежни институции ќе ја истуркаат правдата, за конечно македонската кинематографија да продолжи да дише во духот на вредностите, на вистинските вредноста на седмата уметност – велат од ДФРМ.

Извор: Плусинфо 

Related posts

Маратонска седница за разрешување на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу

admin

Курти до Ескобар и Лајчак: Некои работи не се решаваат со притисок

admin

Москва ја исмева ЦИА за нов обид за регрутирање руски шпиони

admin

Ахмети против Курти: Се меша во нашите внатрешни работи

admin

Петковиќ: Опозициските профитери од Белград се подготвени да застанат на страната на Курти

admin

Масакар во САД: Најмалку 16 убиени, десетици повредени во масовно пукање

admin