6.8 C
Скопје
12 ноември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Централен регистар им ја отежни работата на новинарите

Централниот регистар го запре бесплатниот пристап за новинарите до нивните податоци кои се од јавен карактер. Ова беше овозможено со одлука на претходната влада и важеше и за Регистарот и за Агенцијата за катастар. Владата вели услугата ќе биде достапна повторно откако ќе влезе во закон.

Отстранета е категоријата “новинари“, со кој на медиумските работници можеа да дојдат бесплатно до бараните податоци од Централен регистар за нивните истражувања. Тоа го покажува проверката на нивната веб – страница, каде што медиумите веќе не се вбројани во делот на професионални корисници.

Централниот регистар смета дека оваа владина одлука мора да биде преточена во законско решение. Па откако ќе се донесат законски измени, иако не откриваат за колкав временски период, повторно ќе бидат достапни бесплатно за новинарите.

„Законските измени се веќе подготвени и во тек се меѓуинституционални усогласувања. Законските измени се предвидени да поминат по скратена постапка и од тие причини очекуваме истите да бидат донесени во најкус можен рок“, одговорија од Централен регистар за РСЕ.

Тимот на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) е еден од повеќето медиуми кои неодамна доставиле барања до Централниот регистар за проверка на одредени компании кои ги истражуваат. Но, и новинарите на ИРЛ, како и на други редакции биле известени дека е донесена одлука со која бесплатната алатка се става во мирување.

„Не можам да бидам уверена дека директорката толку се преплашила дека прави нешто незаконски со тоа што им овозможува на новинарите да имаат увид во јавни податоци и дека тоа е толку страшна работа да таа мора веднаш да го провери законот. Пристапот на јавноста до информации и правото на јавноста да знае ја засега нејзината одлука, вели главната и одговорна уредничка на ИРЛ, Сашка Цветковска.

Како последица сега и новинарите ќе мора да плаќаат за да ги добијат потребите податоци за фирмите. Кога станува збор за цените, Цветковска вели дека македонскиот бизнис регистар е убедливо најскапиот регистар глобално.

Како дел од Меѓународната истражувачка мрежа ОЦЦРП во кој припаѓаат како медиум, од 55 центри, Цветковска напоменува дека само македонскиот е единствен каде сите податоци се наплаќаат.

Како бесплатните новинарски барања станаа спорни?

Претходната влада во септември 2017 година донесе одлука со која им овозможи право на новинарите на бесплатно користење на услугите на Централниот регистар и на Агенцијата за катастар на недвижности, што ќе им овозможи непречено да известуваат и истражуваат.

Одлука на Владата за бесплатен пристап до документите од Централен регистар и Агенцијата за катастар на недвижностите
Одлука на Владата за бесплатен пристап до документите од Централен регистар и Агенцијата за катастар на недвижностите

Оваа одлука им ја олесни работата на медиумските работници, овозможувајќи на секој новинар кој ќе достави писмено барање заверено со печат и потпис од главниот уредник на медиумот во кој е вработен новинарот за да дојде до бараните информации.

Но актуелната влада сега бара оваа одлука да влезе во закон, а додека не се направат измените сите податоци од Централен регистар ќе им се наплатуваат на новинарите.

На прашањето на РСЕ дали е разгледувана воопшто опцијата новинарите да можат да доставуваат барања и понатаму според одлуката на претходната влада, од Централен регистар велат:

„Да, се разгледуваа сите можни опции, но законот е над било какви одлуки на Влада, од тие причини Централен регистар пристапи кон законски измени, а со цел почитување на правото и правдата и постапување согласно законски норми“.

Од институцијата се повикуваат на член 18-а од Законот за Централен регистар, во кој се наведува дека нивните услуги за заинтересираните корисници се наплаќаат според надоместоци кои се утврдуваат со тарифа на Централниот регистар, која ја донесува Управниот одбор, а за која согласност дава Владата. Овој надоместок не се наплаќа на корисниците на средства од буџетот на државата, односно на претставниците на законодавната, извршната и судската власт и на единиците на локалната самоуправа.

Разногласие меѓу институциите

Освен од Централниот регистар, со одлуката на владата од 2017 година, новинарите добија можност за добивање и на бесплатни информации и од Агенцијата за катастар на недвижности. Но, во оваа институција, како што вели во изјава за РСЕ директорот Иван Живковски, барањата од новинарите се прифаќаат и се одговараат бесплатно и без пречка.

„Не сме имале проблем до сега. Ние немаме пречка во однос на тој дел, тоа си се имплементира како и досега и нема никаков проблем. Тоа е затечена состојба која ја најдов тука и функционира. Досега никој нема забелешки во однос на информации од јавен карактер како ги доставуваме. Каква е ситуацијата во Централниот регистар не можам да коментирам“, изјави Живковски.

ЗНМ: Законското решение да не се одолговлекува

Од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) велат дека проблемот веќе го адресирале до Владата. Од таму, добиле уверување дека не станува збор за укинување на оваа пракса за добивање информации преку која се олеснува пристапот на новинарите за цели кои се поврзани со нивната истражувачка работа, туку само за наоѓање начин како законски да се официјализира.

„Инсистираме на што побрзо уредување на ова прашање и се надеваме дека нема да се одолговлечи. Од Владата велат дека прашањето наскоро ќе се реши и очекуваме во интерес на заложбите за транспарентност, новинарите да продолжат јавните документи да го добиваат брзо, ефикасно и без дополнителни трошоци“ е ставот на ЗНМ.

Од Владата уверуваат дека по измените на законот, за кои очекуваат да бидат донесени до крајот на октомври, новинарите повторно ќе можат да ја користат услугата бесплатно.

„Согласно Закон, бесплатен пристап до фирмите регистрирани во Централниот регистар имаат само буџетските корисници. Точно е дека со одлука на Владата бил овозможен бесплатен пристап на новинарите, но истата не била преточена во законско решение. Во овој момент, се подготвуваат законските измени со кои оваа можност за бесплатен пристап на новинарите ќе биде преточена во законско решение“, одговорија за РСЕ од Владата. /RSE

Related posts

Лидер или алтер его: Филипче пред тешка задача

admin

Што има внатре во нуклеарната топка на претседателот

admin

Катимерини: Договорот од Преспа оспорен во предизборната дебата на Северна Македонија

admin

Кастриот Реџепи: ВМРО-ДПМНЕ не е проти АзА, тие го поддржуваат Таравари во Гостивар

admin

Петар Гошев: Ни треба револуција за правна култура

admin

Форум за потребата од вмрежување на образованието, науката и економија базирана на иновации

admin