36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Европски пари заглавени во затворот Идризово

Неизвесно е дали затворот Идризово ќе добие нови згради за сместување на околу 500 затвореници откако истекла дозволата за градење, а заемот од 25 милиони евра од Банката за развој Советот на Европа е одобрен уште пред 10 години

 

Претставници на Банката за развој при Советот на Европа на 7 октомври ќе го посети затворот Идризово, дознава Радио Слободна Европа. Повод, меѓу другото, е и застојот на проектот за реконструкција на затворот кој е започнат уште во 2010 година. Веќе се изградени отворено и полуотворено одделение, како и судницата која никогаш не профункционира, но втората фаза од проектот никако да започне.

Сите извештаи на организацијата на затворите во земјава го посочуваат затворот во Идризово како пренатрупан, без основни услови за отслужување на затворската казна кои ги ставаат во графата нечовечки и понижувачки.

Треба да се изгради затворено и притворско одделение како помошни простории за што Банката дава дел од заемот во висина од 25 милиони евра додека државата од сопствени средства треба да одвои 16 милиони евра. Но, директорот на најголемиот затвор во Северна Македонија, Зоран Јовановски вели дека од него било побарано да се санираат недостатоци кои биле утврдени при реализација на првата фаза за да може да продолжи финансирањето.

„Тие недостатоци и аномалии долго време не се санирани. Кога јас дојдов како директор започнавме нивна санација и поправка за да ги доведеме во состојба како што е побарано од нас. Се работи за одводот, доводот и уште некои аномалии. Очекуваме сега на 7 октомври кога ќе дојдат во контрола да ни ја одобрат следната фаза со која ќе се градат новите објекти“, вели Зоран Јовановски, директор на КПУ Идризово.

Линк до целата содржина

Related posts

„Оне Македонија“ доби лиценца за трет мобилен оператор, планира влез на пазарот со 5Г

admin

Што се очекува од новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески?

admin

С. Македонија ги укинува царините за американски стоки

admin

Марковски ја напушти Македонија, судијата што му го врати пасошот три дена подоцна замина во пензија

admin

Реџепи: Бугарија не ни дава алтернатива освен руски гас

admin

Реформи на линија со ЕУ-стандарди, а не со неказнивост

admin