3.8 C
Скопје
13 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Кој на Балканот им се радува на Трамп и на Гренел?

Неколку весници на германски јазик пишуваат дека враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа може да ги поттикне идеите за промена на границите на Балканот. Особено ако Ричард Гренел добие важна позиција.

Ричард Гренел, поранешен специјален американски пратеник за Балканот и амбасадор на САД во Германија за време на првиот мандат на Доналд Трамп , би можел да се врати во високата политика и на позицијата шеф на Стејт департментот во администрацијата на новоизбраниот претседател, пишуваат германските медиуми.

„Билансот на Гренел во Западен Балкан е историјат на сомнителни договори со автократи“, пишува за тоа германскиот весник Франкфуртер рундшау.

Весникот пишува дека Гренел практично „на мускули“ ја соборил првата влада на Албин Курти во Приштина  во 2020 година – барем така тврди Курти.

Франкфуртскиот весник потсетува на тогашните критики дека Трамп и Гренел , наводно, сакале да освојат поенипред изборите во 2020 година со брз дипломатски успех во спорот меѓу Белград и Приштина. Тоа, како што се наведува, ги загрозило напорите на ЕУ за посредување околу косовското прашање.

Во конфликт за време на првиот мандат на Трамп: Ричард Гренел и косовскиот премиер Албин Курти
Во конфликт за време на првиот мандат на Трамп: Ричард Гренел и косовскиот премиер Албин Курти

Весникот потсетува и на критиките дека Трамп наводно планирал да ги охрабри Србија и Косово на „размена на територии“.

Цитирана е статија на Аднан Ќеримагиќ и Мајда Руга од тинк-тенкот Европски совет за надворешни работи, во која се тврди дека вториот мандат на Трамп ќе биде особено „опасен“.

Франкфуртер Рундшау ја парафразира нивната порака дека , „меѓународната заедница мора да се спротивстави на големосрпскиот проект“.

Весникот потсетува и на логиката на Гренел за „мир преку бизнис“. Еден од потфатите на Гренел и на зетот на Трамп, Џаред Кушнер се однесува на просторот на поранешниот Генералштаб во Белград.

За  оваа тема за швајцарскиот весник Тагесанцајгер пишува новинарот Енвер Робели : „Советниците и членовите на семејството на Доналд Трамп имаат блиски врски со автократите во Србија и во Албанија“. Работите би можеле да станат непријатни за Косово и за Босна и Херцеговина“.

Во Приштина се стравува дека Ричард Гренел повторно би можел да ја стави промената на границите на дневен ред, пишува Робели.

Пишувајќи за бизнисите на Гренел и на Кушнер во Белград и на албанското крајбрежје, авторот наведува:

„Во последниве години, тој (Гренел) го продлабочи своето пријателство со двајца од најопасните автократи во регионот: српскиот претседател Вучиќ и албанскиот премиер Рама. Се чини дека Гренел ги користи тие контакти за лична корист“.

Продлабочени врски? : Ричард Гренел и српскиот претседател Александар Вучиќ
Продлабочени врски? : Ричард Гренел и српскиот претседател Александар ВучиќФотографија: Darko Vojinovic/dpa/picture alliance

Авторот потсетува на реченицата која Гренел ја кажа за албанските медиуми: „Никој не треба да се извинува затоа што сака да заработи пари“.

Гренел зазема „речиси непријателски став“ кон Албин Курти, кој, според Робели, „припаѓа на ретките непоткупливи политичари на Балканот“.

„За Курти може да стане непријатно од јануари, кога Трамп ќе се всели во Белата куќа“, продолжува текстот.

Исто така, се додава дека „русофилскиот“ претседател на Република Српска Милорад Додик го дочекал триумфот на Трамп „со голема радост“ .

Соединетите Американски Држави со години го држат Додик на листата со санкции. Текстот на Тагесанцајгер потсетува на претходната изјава на Додик дека жали што не прогласил отцепување на Република Српска за време на првиот мандат на Трамп.

„Со Трамп како господар во Белата куќа, тој (Додик) гледа нова можност да го заостри курсот против државата Босна и Херцеговина“, заклучува Робели.

На истата тема пишува и виенскиот весник Стандард кој наведува дека „етнонационалистите“ на Балканот ја слават победата на Трамп.

И во овој текст се потсетува на наводната намера на Трамп да поттикне размена на територии и ново исцртување на границите. „Ваквите промени на границите би биле особено опасни за Босна и Херцеговина. Затоа што со нив би се етаблирал етноконцептот и би им дал ветер во грб на политичарите кои сакаат натамошни промени на границите“, пишува Стандард. /DW

Related posts

ИЛУЗИЈА Е ДЕКА ЕУ ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КОРУПЦИЈА И ПАРТИЗАЦИЈА, ВЕЛИ НИКОЛА ДИМИТРОВ

ninja

ЕП го засили притисокот врз Урсула фон дер Лајен

admin

Во Арачиново приведен криумчар на мигранти

admin

КОИ СЕ СРПСКИТЕ ДОБРОВОЛЦИ „САВА“ И „ДУНАВ“ КОИ ВОЈУВААТ ВО УКРАИНА?

ninja

Зголемени активности на македонските безбедносни служби по судирот меѓу Израел и Хамас

admin

СЕ ПОВЕЌЕ ДЕЦА ОНЛАЈН СТАНУВААТ ЖРТВИ НА СЕКСУАЛНИ ЗЛОУПОТРЕБИ

ninja