4.8 C
Скопје
13 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИКУЛТУРА

Филмаџиите до Љутков: Филмот е во колапс, очекуваме заеднички решенија за спас на кинематографијата

Веруваме дека Министерството за култура ќе ги земе во предвид нашите укажувања и нема да ја продолжи погубната политика од минатите години, затворајќи ги очите пред успесите на македонскиот филм, ниту ќе го игнорира фактот дека нашите филмови се апсолутен предводник во промоцијата на македонската култура во светот.“, стои во писмото на ДФРМ.  

Загрижени од алармантната состојба во која е доведена кинематографијата а за која во неколку наврати имаше јавни реакции од ДФРМ, како последица на неколкумесечна парализа на институцијата Агенција за филм на РСМ, и фрапантното кратење на буџетот за филм, Друштвото на филмски работници во отворено писмо до министерот Зоран Љутков, јавноста и медиумите бара итни решенија пред целосно искучување на дејноста од сите европски соработки и комплетем колапс на најголемиот амбасадор на културата кај нас. Писмото ви го пренесуваме во целост:

 

Почитуван Министер за култура Зоран Љутков,

Веста за вашето назначување за министер за култура, ние во Друштвото на филмските работници и сите наши колеги филмаџии, ја примивме со голема радост.

Радоста, зачинета со надеж, доаѓаше од фактот што министерството од кое со години наназад потекнуваа нашите проблеми, конечно ќе го раководи човек кој суштински разбира што значи да се биде филмски работник и знае дека ниту еден од луѓето кои ги гледа на филмските сетови, каде што работниот ден трае најмалку 12 часа, не добива државна плата на 1-ви, туку нивните приходи зависат единствено од снимачките денови кои ќе бидат реализирани.

Во момент кога сме длабоко навлезени во четвртиот месец од мандатот на в.д

директорката на Агенцијата за филм, период во кој снимања речиси и да нема, не е

потпишан ниту еден договор за финансирање на веќе одобрени проекти, не е прегледан ниту еден извештај за наменско трошење на средства, исплатите кон тековни и веќе реализирани проекти се стопирани и во кој годинешниот конкурс за производство на филмови е поништен, радоста исчезна, а одржувањето на надежта стана невозможно.

Македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за

меѓународни тужби и откажување на соработки, а нашата држава престанува да биде дел од европското филмско семејство. Загрозено е и нашето членство во значајни регионални, европски и светски организации и асоцијации.

Во време кога филмските професионалци се во немилост и страдаат за елементарна

егзистенција, а филмските продукции бараат алтернативни начини да опстанат, дојде и информацијата дека во предложениот буџет за 2025та година, ставката за филм изнесува само 2.4 милиони евра, бројка која е пониска и од основниот буџет за 2024 година. Оваа вест, секој еден филмаџија ја дочекува во шок и неверување.

Во изминатите неколку години ДФРМ многупати јавно укажуваше дека е потребно

стандардизирање на буџетот за филм по претходно утврдени параметри, а особено во текот на 2023 година во неколку наврати алармираше дека проектираниот буџет од страна на Министерството за култура за филмската дејност за 2024 година, не е доволен за елеметарно да се покријат потребите на нашата кинематографија.

Денес повторно јавно укажуваме дека предложениот буџет за филм за 2025 година не е доволен за елементарно да се покријат потребите на нашата кинематографија. Затоа бараме од Владата, од Министерството за култура и Министерството за финансии ревидирање на овој предлог и проектирање на реален буџет за филм. Воедно, како филмски автори и филмски професионалци за кои работата на филм значи се, ја истакнуваме неопходноста за кадровска консолидација во Агенцијата за филм. Веруваме дека Министерството за култура ќе ги земе во предвид нашите укажувања и нема да ја продолжи погубната политика од минатите години, затворајќи ги очите пред успесите на македонскиот филм, ниту ќе го игнорира фактот дека нашите филмови се апсолутен предводник во промоцијата на македонската култура во светот. Исто така, убедени сме дека после долго време Министерството ќе покаже вистинско разбирање за специфичноста на филмската дејност и начинот на кој филмаџиите ја остаруваат својатам атеријална егзистенција.

Дозволете нѝ уште еднаш да ја искажеме нашата подготвеност за соработка со Агенцијата за филм, Министерството за култура, и сите останати релевантни институции, и ставање на располагање на капацитетите кои ги имаме во разбирање, поддршка и помош при утврдување на состојбите и изнаоѓање на решенија.

 

Со почит,

Друштво на филмските работници на Македонија

Related posts

Што треба да знаат граѓаните на Западен Балкан за новите правила за влез во ЕУ?

admin

Избори се ближат, ветувања се нижат

admin

Таравари: Зошто на Али Ахмети му трепнаа окото кога го спомна зборот „Ветинг“?

admin

Анализа на ДВ: Што постигна, а што не Европскиот парламент од 2019 година?

admin

Муслиу: С.Македонија не може да функсионира со влада без победничката партија кај Албанците

admin

Лишен од слобода албански државјанин, користел лажна патна исправа

admin