10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Седум амбасадори се враќаат дома

Укази за отповикување на седум амбасадори од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова објавија во последниот број на Службен весник од 11 ноември.

Станува збор за вонредни и ополномоштени амбасадори во пет земји и две организации. Меѓу нив е и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО со седиште во Брисел, Дане Талески, кој според одлуката ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025, додека на останатите шестмина мандатот ќе им заврши на 30 ноември годинава.

Од 1 декември престанува мандатот на Теута Агаи Демјаха, која е шефица на постојната мисија на Северна Македонија во Организацијата на обединетите нации во Женева.

Меѓу останатите отповикани амбасадори е и Данчо Марковски во Албанија. Тој изминатиот период беше повикан на разговор од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во однос на активностите на македонската дипломатија во врска со пописот на населението што беше спроведен во Албанија.

Укази за отповикување има и за амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова, потоа Фатон Бејта од Данска, Сали Лимани од Казахстан и Шабан Јашари кој е амбасадор во Катар со седиште во Доха.

Во указите не се наведени причините зошто се отповикуваат овие амбасадори.

Покрај одлуките со датумите и името на амбасадорите, наведено е дека „министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе го изврши овој указ“.

Радио Слободна Европа веќе пишуваше дека постои можност за враќање и на други амбасадори кои пред да бидат испратени во земјата домаќин не беа „сослушани“ во Комисијата за надворешна политика во Собранието.

Оваа опција се отвори откако пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ покренаа постапка за автентично толкување на Законот за надворешни работи со цел да се добие мислење дали бранењето на тези пред пратениците е задолжително или не.

„Јас лично сакам да се протолкува ова прашање бидејќи сметам дека со тоа што амбасадори се испраќаа без да ги бранат тезите пред пратениците, не е испочитуван Законот за надворешни работи“, изјави пратеникот Бојан Стојаноски за Радио Слободна Европа.

Доколку и собранискиот пленум е на истиот став, пратениците најавија дека би побарале од МНР да ги отповика тие амбасадори. Меѓутоа, автентично толкување сè уште не е даде од Собранието.

Неофицијално, на ваков начин би можеле да бидат вратени десетина амбасадори.

Related posts

КОЛКУ МНОГУ АГЕНТИ

ninja

ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ 669 ЖЕНИ ПРИЈАВИЛЕ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

ninja

Пендиков: Ќе им помогнам на Бугарите во Северна Македонија

admin

Аналитичари: Можна е владина коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

admin

Филипче потпишал спорен анекс за модуларни болници по трагедијата во Тетово, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

admin

ПЕНДАРОВСКИ – НАЈОСТРО ГО ОСУДУВА КАМЕНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ ВО БУГАРИЈА

ninja