0.8 C
Скопје
18 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Антикорупциска се прогласи за ненадлежна: Прекината постапката за шефот на АНБ, Христовски

ДКСК нема овластување да проверува и утврдува автентичност на документите кои бараат експертиза надвор од нашите надлежности, истакна Цвета Ристовска, членка на ДКСК, за именувањето на новиот шеф на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски

Бојан Христовски се спаси од постапката што за неговото именување ја поведе Антикорупциската комисија. Членовите на ДКСК, на денешната седница, со мнозинство гласови решија да го затворат случајот за новиот шеф на Агенцијата за национална безбедност, клучната институција во безбедносниот систем на земјата.

Како причина за ваквата одлука беше прогласувањето на Антикорупциска за ненадлежна да решава за валидноста на ТОЕФЛ-сертификатот на Христовски за познавање на англискиот јазик, како и за дипломата од Економскиот факултет при Универзитетот во Скопје, предуслови неопходни за тој да може да ја заземе челната позиција на АНБ.

Токму овие два документа, од кои ТОЕФЛ-сертификатот е издаден од, со години веќе непостоечко јазично студио во Бугарија, за што медиумите информираа, се гледаат како проблематични, а со тоа и целиот процес на именување на Христовски.

„ДКСК нема овластување да проверува и утврдува автентичност на документите кои бараат експертиза надвор од нашите надлежности. Евентуалната невалидност на документот би требало да ја докажува Јавното обвинителство на каде што е поднесена кривична пријава“, изјави Цвета Ристовска, членка на ДКСК.

Но, Христовски има и партиска позадина – во февруари 2023 година е избран за претседател на скопскиот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Еден од условите наведени во Законот за АНБ е дека директорот на оваа агенција не треба да е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Државната комисија за спречување на корупцијата заклучи дека не е надлежна да постапува по случајот со именувањето на новиот шеф на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски

Државната комисија за спречување на корупцијата заклучи дека не е надлежна да постапува по случајот со именувањето на новиот шеф на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски

„Доставена е изјава со која под полна материјална и кривична одговорност, лицето изјавило дека не е члена на политичка партија, ниту на тела на партија. Оттука, согласно надлежностите на ДКСК, таквата изјава е автентичен доказ тој не е член на политичка партија“, додаде Ристовска.

По ова, антикорупционерите гласаа и констатираа дека нема основ за постапување по основ на судир на интереси и корупција при именувањето на Христовски и дека тој ги исполнува условите за вршење на функцијата.

Владата, на предлог на премиерот, пред два месеца го именуваше Христовски за директор на АНБ, најважната позиција во безбедносно-разузнавачката заедница во екот на најавите за можно спојување на АНБ со Агенцијата за разузнавање, институција која би имала исклучително голема моќ. / VOA

Related posts

КУРТИ – РАЗГЛЕДУВАМЕ МОДЕЛИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ЗАЕДНИЦА НА СРПСКИ ОПШТИНИ

ninja

Во „четворката“ Филипче полумилионер – во просек едно пратеничко столче „тежи“ над 165 илјади евра

admin

Аналитичари: Приклучувањето на Алијанса за Албанците кон албанската опозиција e шанса ДУИ по 20 години да биде симната од власт

admin

АзА ја поздрави одлуката на САД за Рамиз Мерко

admin

Ултиматум за германската влада – есен на одлуки

admin

Препукнувања меѓу УПОЗ и Владата за протестите

admin