14.8 C
Скопје
24 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Меџити: Случајот Груби за политиката е затворен

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Лотарија, Пърпарим Бајрами, остануваат недостапни за органите на прогон и  по една недела откако Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство за случајот „Државна лотарија“,

Пред пет дена МВР издаде и меѓународна потерница, но и покрај тоа, локацијата на овие две лица останува непозната за властите во земјата.

Запрашан денеска за бегството на Груби, вицепремиерот Изет Меџити изјави дека Владата ја исполнила својата обврска и дека останува на надлежните институции да го решат овој случај.

„Сметам дека Владата го направи своето, се враќа правната држава. Пораката е дека никој не е над законот и, што се однесува до политиката, прашањето Груби е затворено. Останува на органите на редот и правдата да се справат со ова прашање“, изјави Меџити.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, повторно упати повик до Артан Груби да се врати и да се соочи со правдата. Во интервју за ТВ Сител, Тошковски изјави дека не сака да шпекулира за локацијата на Груби, но изрази задоволство за суспензијата и казнувањето на граничниот полицаец кој му дозволил на Груби да помине на граничниот премин „Блаце“.

„Не би сакал да шпекулирам. Важно е што е издадена меѓународна потерница за лицето кое го споменувате. Истото даде низа изјави, споделени во медиумите, дека е чист како солза и дека не сторил никакво кривично дело. Доколку е така, добро е да се врати во Македонија, да се соочи со сите тие обвинувања што ги поднесовме до Јавното обвинителство, а Јавното обвинителство отвори истрага. Добро е за сите оние кои се повикуваат пред правдата тоа да го докажат во регуларна постапка.“

Груби и Бајрами се главни осомничени во случајот „Државна лотарија“. Тие се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „примање мито“ и „злоупотреба на постапката за јавна објава, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ во врска со „Државната лотарија“, со што го оштетиле буџетот на лотаријата за 8,1 милиони евра.

 

 

Related posts

„Солунската декларација“ – што донесе по две децении?

admin

Северна Македонија и Косово со највисока стапка на невработеност на млади во Европа

admin

Власта со Буџетот ветува повисоки плати, синдикатите гледаат кратење

admin

Зголемени платите на здравствените работници

admin

Лога: Уставните измени ќе поминат пред нова година

admin

ПУТИН ЗАБРАНИ ИЗВОЗ НА РУСКА НАФТА ВО ЗЕМЈИТЕ КОИ ВОВЕДОА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ

ninja