0.8 C
Скопје
18 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Партиите во низок старт за локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ веќе се подготвува за локалните избори во октомври следната година, СДСМ најавува засилено темпо по празниците. Аналитичарите веќе ja забележуваат кампањата, вклучително и внатрепартиската. Жестока битка се очекува во албанскиот блок меѓу ДУИ и Вреди каде, аналитичарот Небиу оценува дека одлучувачки фактор ќе биде позиционирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Имиња на градоначалници, пратеници, министри веќе се слушаат како можни кандидати кои за околу десет месеци ќе ја бијат битката на локалните избори во Северна Македонија, особено во Градот Скопје и останатите поголеми општини. За официјални кандидатури е рано, но веќе се вртат промотивни видеа на социјалните мрежи, афирмативни изјави за своите визии, како и пораки дека изборите ќе бидат своевиден испит за дел од политичарите и ќе значат крај на нечии политички кариери.

„Локалните избори наредната година се пар екселанс дневно-политичка тема уште сега, и слободно можеме да кажеме дека 10 месеци пред нивното одржување веќе е започната предкампањата“, вели за Радио Слободна Европа (РСЕ) политичкиот аналитичар Бесим Небиу.

Дел од партиите ги започнаа подготовките, некои најавуваат засилување на активностите по новогодишните празниците, трети прво ќе одлучуваат дали ќе настапат самостојно или во коалиција, негде пак, веќе се наѕираат контурите како ќе се дели коалицискиот колач.

Дека веќе се во предизборна кампања, согласен е и аналитичарот Благојче Атанасовски.

„Во Македонија, во изминатите 33 години на повеќепартиска демократија од искуство се покажа дека политичките партии, повеќе или помалку се во некоја неформална предизборна кампања. Особено кога станува збор за локалните избори, бидејќи на мнозински изборен модел, секој глас е важен за победа за градоначалник во одредена општина“, вели Атанасоски за РСЕ. / Целиот текст е достапен ТУКА 

 

 

Related posts

Демири: Во предизборие нема промени во здравствениот систем

admin

ПОЖАРНИКАРИТЕ БАРААТ ИСТИ БЕНЕФИЦИИ КАКО ПОЛИЦИЈАТА

ninja

Незири: Албанците имаа конструктивна улога во процесот со Бугарија

ninja

Асад во историја, Сирија со нови владетели

admin

Министрите на Мицкоски меѓу најплатените на Балканот

admin

Средба Пендаровски-Агелер, во фокус – евроинтергацискиот процес

admin