0.8 C
Скопје
18 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Рокас: Постои огромен моментум во однос на проширувањето што треба да се искористи

Постои огромен моментум во однос на проширувањето кое е приоритет на Европската унија (ЕУ) и што треба да се искористи. Да ги почекаме резултатите од самитот ЕУ – Западен Балкан, изјави амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија, Михалис Рокас на новинарско прашање за очекувањата од дипломатските активности на македонската влада на самитот најавен за 18 декември во Брисел, во однос на деблокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

„Како што знаете, ќе се одржи многу важен самит помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, меѓутоа истовремено има и бројни активности, т.е. билатерални средби кои се одржуваат во самиот момент. Мислам дека треба сите да почекаме да ги видиме кои се резултатите од овој важен самит. Навистина се надеваме, имајќи ја предвид многу јасната порака која ЕУ постојано ја потенцира дека процесот на проширување останува приоритет за ЕУ“, рече Рокас во одговор на новинарско прашање по акција за засадување дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош на 18 декември.

Според него, она што во моментов е потребно е напорна и посветена работа од сите во земјава на Реформската агенда усвоена од Владата.

Средбата во Брисел со лидерите на Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Северна Македонија, Косово и Црна Гора е можност да се разговара за „нов моментум“ за стратешкото партнерство меѓу Европската Унија и Западен Балкан, како да се продлабочи и да се придвижи кон заедничка иднина во Европската унија, според Европскиот совет.

За време на вечерата, се очекува да се разговара за геополитичкиот контекст и предизвиците што ги засегаат и ЕУ и Западен Балкан.

Ова ќе биде прв самит со кој ќе претседава Антонио Коста, новоизбраниот претседател на Европскиот совет.

Related posts

Помалите партии ја тресат власта, премиерот уверува дека има мнозинство

admin

ДОСТОИНСТВОТО НА СТУДЕНТИТЕ ПОМАЛКУ ВРЕДНО ВО БУЏЕТОТ ЗА 2023

ninja

Алексеј Навални пронајден мртов во затворот

admin

Борел по средбите со Вучиќ и Курти: Имаме договор

admin

Две сценарија и едно прашање – не дали, туку кога?

admin

Економијата во 2024: Има ли надеж за пооптимистички тонови?

admin