23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

НАТО министерски состанок – поддршка за Украина, Западен Балкан е од стратешко значење за Алијансата

Алијансата не се повлекува од поддршката за Украина, тоа е една од главните пораки од дводневниот состанок на шефовите на дипломатии на 32 НАТО земји членки. Самиот Северноатлантскиот сојуз, како што беше кажано во седиштето во Брисел, се соочува со руски непријателски чекори насочени против конкретни членки како саботажи, сајбер-напади, уцени поврзани со енергетика. Но, и покрај се НАТО останува посветен на помошта за Киев и справувањето со заканите од Кремљ.

„Руската нелегална војна во Украина е закана за сите нас. Затоа ќе продолжиме да стоиме заедно – Европа и Северна Америка заедно со нашите меѓународни партнери да и чуваме безбедни нашите една милијарда граѓани. Мораме да направиме повеќе освен да ја одржиме Украина во војната, треба да дадеме помош доволна за да ја смениме траекторијата на војната. Разговаравме и за рускиот непријателски став и активности против НАТО земји членки. И Русија и кина се обидоа да ги дестабилизираат нашите земји и да ги поделат општествата.“, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Руското „тропање со оружје“, како што велат дипломатите од НАТО само повеќе ќе ја зацврсти заедничката воена одбрана за која од 2022-та наваму се одвојуваат се повеќе средства.

Каде во целата геостратешка приказна се наоѓа Западниот Балкан, регион се уште подложен на сериозни искричења и тензии кои влијаат на неговата стабилност, како што покажаа неодамнешните случувања на Косово.

„Задоволни сме што НАТО го гледа Западниот Балкан како регион од стратешка важност – оттука има грижи со кои треба да се справиме а поврзани со стабилноста на европскиот континент. Многу сме згрижени од можноста за хибридни напади зашто такво нешто видовме во повеќето земји од Балканот во изминатите месеци кои очигледно доаѓаат од постојни малигни актери и ова прашање е од клучна важност за нас.“, изјави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Паралелно со НАТО министерскиот состанок на кој учествуваше шефот на дипломатијата, во седиштето на Унијата во Брисел премиерот се сретна со новиот врв на ЕУ и со првите луѓе на проширувањето, Антонио Коста и Марта Кос. Мицкоски на синоќешните состаноци ги уверувал соговорниците дека неговата влада останува посветена на реформите од чие спроведување зависи приемот на земјата во ЕУ. Но, премиерот истовремено, пак, го кажа ставот за обврската од 2022-та – уставни измени па отворање на преговарачките поглавја.

„Разговараме за сето она што ние досега го имаме поминато како предизвик во минатото, за сето она кое што ние требаше и се откажавме во името на европските вредности, но истовремено ги реафирмиравме нашите ставови дека ултиматуми не прифаќаме, дека сме подготвени да разговараме и подготвени сме да разговараме онолку колку што е потребно за да најдеме начин како да го отвориме првиот кластер, брзо да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја членка во Европската Унија.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Но, засега ситуацијата во Брисел е дека нема голема подготвеност за поддршка на владината иницијатива за „да“ за уставни измени, но со одложено дејство. /VOA

Related posts

Министерството за здравство отвори истрага за наводниот извоз на човечки мозоци за научни цели

admin

АЛАРМ ОД САД: Иран може да ја таргетира Албанија – владата вели „нема закана“

admin

Бугарски медиуми: Скопје бара признавање на македонскиот јазик од Бугарија

admin

904 УАПСЕНИ – Разбиена огромна криминална мрежа низ Балканот!

admin

Над 10.000 турски државјани побарале македонско државјанство по законските измени од 2021

admin

Осум кутии докази и седум сведоци: Судењето за Груби одложено уште на првиот ден

admin