6.8 C
Скопје
14 февруари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Почна судењето за Мерко за поставената спомен-плоча, тој се изјасни за невин

Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа во судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко, обвинет за поставување спомен-плоча на влезот на општинската зграда.

Мерко, кој од јуни 2023 година се наоѓа на „црната листа“ на САД поради наводна вмешаност во корупција, во овој случај е обвинет дека во март минатата година поставил спомен-обележје кое, според обвинителството, поттикнува етничка омраза и раздор.

На почетокот на судењето, Мерко се изјасни дека не е виновен, пренесе државната агенција МИА.

Како сведок денеска беше сослушан заменик-министерот за правда, Ален Деребан, кој во својот исказ изјави дека плочата предизвикала етнички тензии поради содржината која, според него, го слави периодот на фашистичката окупација на Струга.

„Очекувам судот да донесе осудителна пресуда која ќе спречи вакви контроверзни постапки во иднина“, изјави Деребан пред новинарите по завршувањето на рочиштето.

Судскиот процес за спомен-плочата ќе продолжи на 5 март, кога ќе бидат сослушани и други сведоци.

Покрај овој случај, денеска беше одложено и рочиштето за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“, каде Мерко исто така е обвинет. Постапката беше враќана на повторно судење поради промена на судечкиот судија.

Дополнително, судот разгледува обвиненија против Мерко за незаконско назначување директори во четири основни училишта во општина Струга. На денешното рочиште сведочеше и поранешниот министер за образование, Јетон Шакири, кој рече дека во негово време до Министерството не биле доставени предмети поврзани со овие случаи.

Мерко, кој има четири мандати како градоначалник на Струга, се соочува со вкупно девет обвиненија, вклучувајќи корупција, злоупотреба на службена положба и поттикнување етничка нетрпеливост.

Related posts

Пијанистката Илинка Манова изведува дела од македонски автори низ САД

admin

Ниту стратегиите, ниту политиките не помагаат: Најмногу пари и понатаму одат во најразвиените региони

admin

Груби – Гарсија: Шпанија го поддржува европскиот пат на Северна Македонија

ninja

ЕДНА ТРЕТИНА ОД СТРУЈАТА ВЧЕРА ОБЕЗБЕДЕНА ОД УВОЗ

ninja

Лотарија пред раскинување на договорот за закуп на ресторанот за свадби

admin

Вагнер го запре бунтот, но покажа колку е слаб Путин

admin