28.3 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ: Луѓе умираат по болници, а Таравари зборува за смена на химна и грб

Владата предводена од Христијан Мицкоски приоритет дава на измените на државната химна и грб, наместо на економијата, платите и здравството, соопшти денеска СДСМ.

„Министерот без ресор, Арбен Таравари, информираше дека Владата прво ќе се посвети на решавање на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа на економските и социјалните проблеми“, наведуваат од партијата.

СДСМ ја оцени ваквата позиција како „шокантна“, тврдејќи дека Владата ја игнорира растечката сиромаштија и економската криза.

„Наместо решенија за реалните проблеми, како нискиот животен стандард и состојбата во здравството, Владата го дефокусира народот со теми од минатото“, се вели во соопштението.

Партијата тврди дека во изминатите осум месеци Владата ја втурнала државата во економска нестабилност и дека актуелната дискусија за химната и грбот има за цел да ја подели јавноста.

„Граѓаните ќе бидат оптоварени со овие прашања, додека економската реалност се влошува“, наведува СДСМ, додавајќи дека партијата предупредувала на ваквите потези на ВМРО-ДПМНЕ уште за време на изборната кампања.

Related posts

Скопје – Атина: Затишје пред бура

admin

Северна Македонија во место, Албанија оди напред кон интеграцијата во ЕУ

admin

Анкета: Екстремно десничарската АфД е втората најсилна партија во Германија

admin

Мицкоски: Не јас, ЕСЧП кажа чии права се повредени

admin

Трагедија и надеж среде урнатини во Босна

admin

Турските власти велат дека уапсиле 11 агенти на Мосад кои набљудувале ирански државјани

admin