12.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

С Македонија остана без парите на УСАИД – какви последици ќе има?

Најавите за замрзнување на програмите на УСАИД од страна на новата американска администрација се следат со внимание во Северна Македонија. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изрази надеж дека одлуката не е конечна и дека САД ќе останат партнер на земјата. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека најавата треба да биде сигнал за земјата да преземе поголема одговорност за сопствената иднина.

„Секоја поддршка за подобрување на демократските капацитети е добредојдена, но оваа ситуација треба да ни послужи како поттик да преземеме одговорност за себе“, изјави Мицкоски на прес-конференција во Владата.

Мицкоски додаде дека земјата мора да се потпре на сопствените ресурси и капацитети. „Ако оставиме некој друг да нè брани, а некој трет да нè храни, тогаш нема добра перспектива за нас. Треба да се обединиме, без разлика на партиски, верски или етнички разлики, и да ја градиме нашата држава“, рече тој, коментирајќи ги и најавите на Доналд Трамп за можни нови царини кон одредени земји.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека САД треба да останат партнер на Северна Македонија. „Одлуката за замрзнување на програмите на УСАИД можеби не е конечна. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата, бидејќи администрацијата на Трамп е во процес на разговори и преговори. Оваа помош имала значително влијание врз економијата и финансиската стабилност, па затоа сметам дека САД треба да пронајдат начин да останат партнер на земјава“, рече Филипче.

Одлуката на американскиот претседател предвидува замрзнување на странската помош на 90 дена. Според проценките, УСАИД моментално има дваесетина активни проекти во Северна Македонија во вредност од над 72 милиони долари. Владините институции и министерствата се меѓу главните корисници на оваа помош, но засега нема официјални податоци за тоа колку средства би можеле да бидат стопирани.

УСАИД е независна владина агенција основана од Конгресот во 1961 година и има околу 10.000 вработени ширум светот. Таа е главен инструмент за меѓународна помош на американската влада и добива десетици милијарди долари годишно од Конгресот за финансирање проекти во различни земји.

Related posts

Македонија ќе започне со враќање на пациентите повредени во пожарот во Кочани

admin

Зошто една реченица на Фон дер Лајен е важна за Косово?

admin

Масакар во САД: Најмалку 16 убиени, десетици повредени во масовно пукање

admin

Германија и Франција заедно сочинуваат половина од жителите на ЕУ

admin

Белгија ќе ја признае палестинската државност и ќе воведе санкции против Израел

admin

Калас: Северна Македонија пред историска одлука – дали конечно ќе тргне кон ЕУ?

admin