13.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари: ВЛЕН размислува да биде една партија по локалните избори

Лидерот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, изјави дека партијата Влен, која во моментов е коалиција од четири партии, би можела да се обедини во една политичка структура по локалните избори.

„До локалните избори сигурно нема да има спојување, а по нив можно е сите четири партии да се обединат во една,“ изјави Таравари за Радио Слободна Европа.

Таравари, кој во последниот период се соочува со правни спорови околу лидерството во Алијансата за Албанците, истакна дека „поважно е кој ги има членовите, а не како ќе се нарекува партијата“.

Во однос на неговата работа како министер за здравство, Таравари призна дека состојбата во здравствениот сектор е лоша, но ја припиша на децениско занемарување.

„Ситуацијата во здравството е катастрофална, но не само последните седум месеци. Дури и да сакате, невозможно е да уништите еден совршен здравствен систем за толку кратко време,“ рече тој.

Тој најави зголемување на платите за здравствените работници, нови вработувања на специјализанти и проширување на позитивната листа на лекови.

Таравари исто така предложи отпис на долговите на болниците, нагласувајќи дека нивното тековно финансиско работење е неодржливо.

„Повеќето болници се сериозно задолжени. Единствено решение е да се изнајде механизам за бришење на тие долгови, бидејќи со тековните буџети, нивната исплата е речиси невозможна,“ додаде тој.

 

 

 

Related posts

Холандската амбасадорка во С. Македонија со порака до Скопје – Европа не бара совршенство, туку континуитет

admin

Буџет 2023: Поддршка за граѓаните и фирмите во кризата и ветeр во грб на економијата

admin

Таравари по одлуката Албанија без Северна Македонија да продолжи кон ЕУ: Последици на претходната Влада

admin

ДКСК со иницијатива да се укине “балснсерот”

admin

ПАРТИЗАЦИЈАТА И НЕПОТИЗМОТ ГИ БРКААТ ЛЕКАРИТЕ ОД ЗЕМЈАВА

ninja

Не, „камерите што казнуваат“ се’ уште не се во функција, но дали снимаат?

admin