32.8 C
Скопје
5 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Девет пациенти се пуштени на домашно лекување, осум се враќаат од странство со подобрена здравствена состојба

Девет пациенти денеска се отпуштени од болничко лекување и ќе продолжат со третманот во домашни услови, додека осум други се враќаат од странство со подобрена здравствена состојба, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

Во моментов, вкупно 24 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи во Скопје, од кои седум во Клиничкиот центар, шест во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, осум во ГОБ „8 Септември“ и тројца во приватни болници.

„Имаме најави за враќање на уште пациенти од странство. Важно е дека сите се во стабилна и добра состојба, освен четворица кои се во критична состојба, но покажуваат подобрување во однос на вчера“, изјави Таравари.

Според него, во медицински центри надвор од земјата моментално се лекуваат 108 пациенти, а во текот на вчерашниот ден се вратиле пет пациенти.

„Добиени се информации за пациенти кои се екстубирани, префрлени на други одделенија или за кои се планираат хируршки интервенции од пластични хирурзи. Очекуваме во наредните денови уште повеќе пациенти да се вратат во земјата“, додаде министерот.

 

 

Related posts

Брат на загинатата во Карпош ја обвини државата за системски пропусти, Обвинителството отвори истрага

admin

Викенд на одлуки: Кои министри заминуваат, а кои остануваат во Владата на Мицкоски?

admin

Регионите во ЕУ со најголем број на електрични возила

admin

” Кој е следен?” најавува протести во Скопје

admin

Има ли владата план како да поминат уставните измени?

admin

Џафери: Не е вистина дека сум примил допис или материјали од Груевски

admin