35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Албанија треба да спроведе 31 реформи за ги искористи 922 милиони евра на ЕУ

Албанија треба да спроведе 31 реформа поврзани со 141 мерка за подобрување на деловната клима, образованието, инфраструктурата и технологијата до 2027 година, за да ги искористи 922 милиони евра што Европската Унија ги има предвидено преку Планот за раст за Западен Балкан.

Финансиската поддршка, дел од вкупниот фонд од шест милијарди евра за периодот 2024–2027, е условена со напредокот на реформите, кои според експертите се поважни од самите средства.

„Успехот ќе зависи од силна извршна координација, зголемени административни капацитети и инклузивен пристап кон спроведувањето и мониторингот“, изјави Ардиан Хачкај, директор на Институтот за соработка и развој во Тирана.

Албанија веќе доби 64 милиони евра, а остатокот ќе се исплаќа врз основа на исполнување на 143 предвидени услови. Според Хачкај, од клучно значење е степенот на апсорпција на средствата.

Пет реформи со најголем приоритет

Планот се фокусира на пет стратешки цели: унапредување на конкурентноста, образовна трансформација, дигитална инфраструктура, енергетска одржливост и владеење на правото.

Конкурентност и економска политика: Реформите вклучуваат подобрување на бизнис-климата, транспарентноста, управувањето со јавните претпријатија и стимулирање на извозот.

Образование и човечки капитал: Планот предвидува дигитализација на наставата, ажурирање на наставни програми и подобрување на Националната рамка на квалификации.

Дигитална инфраструктура: Владата планира воведување на дигитален идентитет, зголемена сајбер-безбедност и поддршка за иновативни претпријатија.

Енергетска интеграција: Акцент е ставен на обновливи извори и намалување на емисиите на јаглерод преку транспарентни аукции за зелена енергија.

Владеење на правото: Приоритетите се борба против корупцијата, организираниот криминал и зголемена независност и отчетност на правосудниот систем.

Проекти како новата 400 kV електропреносна линија Рашбул (Албанија) – Арахтос (Грција), рехабилитација на хидроелектраната Вао дејес, железничката линија до Кристалопиги/Грција и „Smart Labs“ се дел од инвестициите што ќе се реализираат преку Инвестицискиот рамковен фонд за Западен Балкан (WBIF).

Критики за недоволно амбициозниот пристап

Институтот за соработка и развој во својата анализа во ноември 2024 година оцени дека Планот за раст страда од недостаток на јасен стратегиски визионерски пристап и нејасни механизми за забрзување на пристапниот процес.

Финансирањето од ЕУ е ограничено на околу 0.4% од БДП на регионот, или околу 500 милиони евра годишно за сите шест држави на Западен Балкан.

Дополнително, нејаснотиите околу критериумите за „задоволително исполнување“ на условите доведоа до препорака од Европскиот ревизорски суд ЕК да воведе појасни упатства и следење на напредокот.

Во случај на Србија и Косово, пристапот до средствата е дополнително условен со напредокот во нормализацијата на меѓусебните односи, вклучувајќи ја и имплементацијата на Бриселскиот договор и неговиот анекс.

Недоволна вклученост на јавноста

Во најголем дел од земјите, консултациите за реформските агенди биле ограничени или формални. Во Албанија, јавноста доби пристап само до краток резиме без конкретни показатели, рокови или проценки на трошоци.

Според граѓанските организации, овој пристап го ограничува кредибилитетот и транспарентноста на процесот.

Повеќе од пари – вежба за пристапување

„Најголемата вредност од Планот за раст не е во грантот од 80 милиони евра годишно, туку во тоа што ова е вежба за подготвеност за членство“, вели Хачкај.

„Овие реформи ќе ги навикнат институциите и приватниот сектор на правилата и програмите на ЕУ, што ќе ги направи подготвени уште пред самиот влез во Унијата“, додава тој.

 

 

Related posts

Брисел го стави владеењето на правото под лупа: Северна Македонија повторно во годишниот извештај на ЕК

admin

Србија со ограничување на маржите и каматите: какви придобивки ќе имаат граѓаните?

admin

Марин Ле Пен се дистанцира од Доналд Трамп поради Украина

admin

12 милијарди долари и нова ера на Блискиот Исток: Што навистина договорија Вашингтон и Техеран?

admin

Касами бара уште еден мандат за да ја продолжи “трансформацијата на Тетово”

admin

ЌЕ ИМА ЛИ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА? КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО ДУИ Е ТРАНСПАРЕНТЕН

admin