2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Коалицијата „Влен“ отворена за нови партнери: Дали ќе се приклучи Села?

Пратеникот од коалицијата „Влен“, Беким Ќоку, изјави дека владејачкото мнозинство е стабилно, но отворено за соработка со други партии кои се залагаат за борба против корупцијата и системски промени.

„Во ’Влен’ не би рекол, но во парламентарното мнозинство сметам дека секоја партија што ќе се определи да се бори против корупцијата, против злото и да биде дел од големите промени, треба да биде добредојдена“, рече Ќоку за ТВ21, коментирајќи ја можноста поранешниот лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, да се приклучи на коалицијата.

Села во понеделникот изјави дека нема намера да соработува со „Влен“, но додаде дека ако Арбен Таравари ѝ се приклучи на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, тој ќе има свој став за тоа.

Премиерот Христијан Мицкоски се очекува на 1 мај да се сретне со Таравари за да се реши дали Алијансата за Албанците ќе остане дел од владата. Коалицијата „Влен“ претходно соопшти дека е неприфатливо некој од редовите нејзини да соработува со ДУИ.

 

 

 

Related posts

Мицкоски: Договорот меѓу „Хеј ДООЕЛ“ и Државна лотарија е основа за покренување кривична постапка

admin

Безбедносната мапа на Европа се прекројува – Анкара станува клучен одбранбен партнер

admin

Младите од регионот ја водат иницијативата за позелен Западен Балкан

admin

Меџити со Курти, Ахмети со Рама

admin

Одбраната го оспорува вештачењето во случајот „Онкологија“

admin

Млади тврдат дека биле тепани со врзани раце, Тошковски нареди истрага на полицајците

admin