36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од СДСМ за наводни инвестиции на Заев и Филипче во Дубаи

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ побара од поранешниот премиер Зоран Заев, лидерот на СДСМ Венко Филипче и Социјалдемократскиот сојуз да одговорат на, како што велат, серија прашања поврзани со наводни инвестиции и добивање на т.н. златни визи во Дубаи.

„Филипче, Заев и СДС не одговараат на нашите прашања поврзани со Дубаи. Дали молкот е потврда? Ги прашуваме јавно – дали Заев гради згради во Дубаи повисоки од 50 ката и од каде му се тие пари?“ стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат дека и Филипче е вклучен во случајот, а неговото поставување на чело на СДСМ, според партијата, имало цел да го заштити Заев. Партијата дополнително прашува дали двајцата поседуваат златни визи за Дубаи и како ги стекнале.

„Откако со години ја ограбуваа државата, сега тие пари ги пренасочуваат во приватни бизниси. Додека глумеа дека ја спасуваат Македонија, тие се спасуваа себеси и нивните милиони“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој живее во Унгарија како азилант, објави на социјалните мрежи дека Заев наводно започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи, во инвестиција вредна над 600 милиони евра. Тој тврди дека најголем дел од средствата се стекнати преку рекет и злоупотреба на власта, пренесени во готовина со приватен авион и депонирани на банкарски сметки во Обединетите Арапски Емирати.

„Истовремено, според моите информации, се подготвува и нова инвестиција во друга азиска земја“, напиша Груевски, обвинувајќи го Заев за поврзаност со организиран криминал, корупција и злоупотреби во енергетиката, фармацијата и за време на пандемијата.

Обвиненијата доаѓаат откако на социјалните мрежи, кон крајот на минатата година, беше објавено видео на кое, според медиумски извештаи, се гледаат Филипче и Заев на забава во хотелот „Хилтон“ во Дубаи на 25 и 26 октомври 2024 година.

Српските медиуми претходно известија за настанот, опишувајќи го како една од најекстравагантните прослави во луксузниот Дубаи. Влезниците, според нив, чинеле неколку стотици евра.

СДСМ засега не реагираше јавно на обвинувањата.

 

.

 

Related posts

За 10 години 25.000 стручни кадри ја напуштиле Македонија

admin

ЗЕЈНЕЛИ: ЗБОРОТ РЕФОРМА Е ЛЕСЕН ЗА ИЗГОВОР, НО ТЕЖОК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ

admin

Османи се стретна со Кралот Чарлс Трети

admin

Генералниот секретар на РСС Капетановиќ на Стратешкиот форум во Блед

admin

Трамп подготвува огромни санкции: Кина и Индија на мета поради руска нафта

admin

Законот за практиканство – мост меѓу младите и работодавачите, но недостига инспекциски надзор и јавна промоција

admin