8.5 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ДУИ го осуди укинувањето на средното образование на ИВЗ, ја критикува и тишината на албанските претставници во Владата

ДУИ го осуди како „политички и противуставен“ одлуката на Уставниот суд со која ѝ се забранува на Исламската верска заедница (ИВЗ) да организира средно верско образование, оценувајќи дека на тој начин на илјадници ученици им се ускратува правото на образование во согласност со нивните уверувања и идентитет.

„Станува збор за директен напад врз верските слободи и достоинството на муслиманската заедница“, соопшти партијата, додавајќи дека ваквата можност била овозможена како исправка на „историска неправда“ за време на нејзиното учество во власта.

ДУИ ја оцени и како „понижувачка“ тишината на албанските претставници во актуелната влада, наведувајќи дека наместо да реагираат или да понудат оставки, тие „ги оправдуваат одлуките и ги штитат своите позиции и претпоставени“.

„Тие не се претставници – тие се послушни слуги на власт која го враќа проектот за едноетничка држава“, стои во соопштението.

ДУИ порача дека нема да прифати укинување на „историски придобивки“ и најави дека ќе продолжи да ја брани секоја индивидуална и колективна слобода.

Партијата ги повика домашната и меѓународната јавност, верските заедници, граѓанското општество и сите граѓани со интегритет „да не молчат“, бидејќи „молкот денес значи соработка со неправдата“.

Од друга страна, ВРЕДИ смета дека одлуката на Уставниот суд за поништување на лажната акредитација на медресата „Иса Беу“ претставува удар за сите оние кои беа измамени од празните ветувања на ДУИ и соработничкиот молк на ИВЗ.

“Ова е личен пораз на Али Ахмети и неговата клика, кои секогаш си играа со верските чувства на Албанците, само за теснопартиски политички интереси. Денес вистината излезе на виделина – медресата никогаш не било акредитирано на законит начин. ДУИ ја користеше во предизборни кампањи, исто како што ги користи сите симболи, чувства и потреби на Албанците – за да ги изманипулира. Истата шема на измама се повтори и со: Фабриката за електрични автомобили – која никогаш не беше изградена, коридорите 8 и 10Д – кои останаа само на хартија, патот Скопје–Блаце – ветуван десетици пати, но никогаш реализиран, One Stop Shop со Косово – што остана во фиоките на нивната пропаганда. ДУИ секогаш функционирала со пропаганда, слики, лажни ветувања и манипулации. Денешната одлука конечно потврдува дека ДУИ нема решено ниту едно албанско прашање преку закон и устав, туку само лажела и манипулирала за гласови. 22 години на власт ги искористија за да ги средат трговските центри и имотите на своите семејства и внуци, додека на Медресето „Иса Беу“ не му обезбедија ниту статус! Медресата „Иса Беу“ повеќе нема да се користи за валкани политички игри и лажни кампањи. Ние работиме на решение, преку кое ова прашање конечно ќе биде затворено – далеку од манипулациите на минатото и блиску до правдата што ја заслужуваат Албанците”, велат од Вреди.

 

Related posts

Гардијан: Ердоган се соочува со реални шанси да загуби додека Турција се подготвува да гласа

admin

Со пари за меѓуетничка интеграција – приредба за УЧК

admin

Помалите партии ја тресат власта, премиерот уверува дека има мнозинство

admin

Трајанов ги носи измените на КЗ пред Уставниот суд

admin

Ахмети не верува дека Села ќе излезе од ЕФ, вели дека Таравари се опаметил

admin

Партија или завод за вработување – продолжува старата пракса и со новата влада

admin