15.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Артан Груби: Се откажуваме и од премиер Албанец заради интеграциите во ЕУ

Првиот потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби, во интервју за косовската телевизија Т7, вели дека одлуката на ДУИ да ги депонира оставките на Владата е од корист за интеграцијата на нашата држава во Европската унија, пренесува Инбокс7.

Груби рече дека со оваа одлука ДУИ и го отворила патот на македонската опозиција да гласа за уставните измени.

Тој понатаму рече дека со оваа одлука ДУИ истовремено се откажала од ветувањето за прв албански премиер, – кое беше ветено на последните избори, – и дека ова било „за доброто на граѓаните, односно за доброто на интеграциите во ЕУ“.

„Ако одиме во опозиција одеднаш опозицијата ќе гласаше за уставните измени, бидејќи се потребни 2/3 во Собранието. Кажавме дека за иднината на нашата држава сме подготвени да поднесеме оставка од владата на привремени, и од албанскиот премиер, и од нашите мандати“, рече Груби.

Тој додаде дека во случај на предвремени парламентарни избори, ДУИ нема да се оди сама, туку дека ги повикува сите други политички партии во Северна Македонија да се приклучат на проевропскиот партиски фронт.

Related posts

Ковачевски: Нови барања нема, ново вето нема да има

admin

Нов план на Европската унија за Западен Балкан: Европа Сега

admin

Светот низ карикатури

admin

БУГАРИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ОД СКОПЈЕ

ninja

ДОВЕРБА ВО БАНКИТЕ ИЛИ ПАРИ ПОД ПЕРНИЦА – ДРЖАВАТА ГАРАНТИРА ДО 30.000 ЕВРА

ninja

Влезот на Бугарите во Уставот отвора нови партиски апетити

ninja