18.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

И Џафери ќе си замине ако опозицијата гласа за уставните измени

И Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе замине ако ВМРО-ДПМНЕ прифати да ги гласа уставните измени. Со ова и Џафери се приклучува кон условната колектвна оствка, врачена вчера од страна лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пренесува Инбокс7.

„Ако сите си одат, зошто ја би инсистирал да останам“, изјави Џафери во интервју за МИА.

Негов личен став е дека избори треба да има во редовен термин и нема причина зошто да не биде тоа така.

„Јас колку што знам ДУИ се има изјаснето мандатот да оди како редовен мандат и да се вратиме во процесот и во системот на четиригодишен мандат. Но, вчерашната одлука која што е изјавена е во конктекст на она што беше резултат или изјава на лидерската средба помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата. Предусловот на опозицијата беше – да ние би пристапиле на тоа доколку ДУИ оди во опозиција и промпно беше кажано додека се одржуваше конференцијата дека ако е тоа предусловот за граѓаните ние треба да сме надвор од оваа Влада за да се изгласаат уставните измени. Раководството, лидерот тоа го соопшти“, изјави Џафери.

Related posts

ДУИ возврати на Беким Ќоку: Охридскиот договор не смее да се релативизира

admin

ЕУ загриженa за безбедноста – пет карипски држави продале 88.000 „златни пасоши“

admin

Нема зелено светло од ЕУ: Албанија заглавена на најважниот тест

admin

Владините бифеа без фискални каси: За граѓаните даноци, за функционерите – привилегии

admin

ТВ21: Со двојки во средно – кандидат за ректор

admin

Скандал што никогаш не се расчисти: Кој и зошто носел мозоци од Македонија во Америка?

admin