34.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Гаши со пораки за Водици: Повик за заедништво, мир и духовно обновување

Премиерот на Северна Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати порака по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици, повикувајќи на чесност, солидарност и заедништво како основа за градење на државата.

Во обраќањето, Мицкоски го опиша празникот како симбол на духовно прочистување и обновување, истакнувајќи дека осветувањето на водите и фрлањето на Светиот крст претставуваат порака за вера, пожртвуваност и надеж. Тој посебно ги истакна младите, оценувајќи дека нивната смелост и вера се клучни за иднината на земјата и дека институциите имаат обврска да создадат средина за нивен развој со чувство на припадност и општествена одговорност.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, исто така, упати честитка до православните верници и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, порачувајќи дека празникот треба да донесе „радост во срцето, светлина во душата и мир во умот“. Таа нагласи дека духовното обновување и солидарноста се неопходни за надминување на општествените предизвици и за градење стабилна и праведна заедница.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, и министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во одделни честитки ја истакнаа важноста на заедништвото, меѓусебното почитување и духовното прочистување како темели за напредокот на државата.

 

Related posts

ЕУ ОЧЕКУВА СРБИЈА ДА СЕ АКТИВИРА ВО БОРБАТА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ

ninja

Судири, апсења и остра реторика ја продлабочуваат политичката криза во Албанија

admin

Регистер со иматели на бугарско државјанство како нов попис

admin

Николовски на распит за 800.000 евра, тврди дека случајот е монтиран

admin

Пронајдена дрога во Ѓорче Петров, приведен дилер

admin

Таравари кај Курти: Средба со голема симболика

admin