22.5 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Муртезани: Никогаш не сум кажал дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени до крајот на годината

Сериозно работиме на надминување на проблемот со нашите европски интеграции, додека уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да има потенцијално вето од Бугарија и кога ќе најдеме решение кое ќе го гарантира завршувањето на овој процес, порача денес министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската унија, Орхан Муртезани.

„И на македонски јазик имам изјавено дека никогаш не сум кажал дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени до крајот на годината. Кога ја формиравме Владата, тоа не го направивме со една нога надвор, а со другата внатре, ниту со уцени дека ќе излеземе од Владата,“ изјави Муртезани во одговор на прашањето на денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања.

Тој нагласи дека не стои ставот дека новата Влада го блокира патот кон Европската унија.

„Тоа е како да сте ги отвориле сите поглавја, а сега ние сме тие што го саботираме овој процес, што не е точно. Постојат само разлики во пристапот што го имаме ние во споредба со тоа што било направено досега. Ние не се служиме со ПР како вас, туку велиме дека ќе се обидеме да најдеме решение,“ изјави Муртезани.

Дека новата Влада работи на пронаоѓање на решение, како што рече, го потврдиле сите европски и американски претставници кои ја посетија земјата.

„Владата не работи само декларативно, туку сериозно работи на надминување на проблемот. Не е важно колку месеци ќе трае тоа. Кога ќе бидеме сигурни дека нема да има потенцијално вето од Бугарија, тогаш уставните измени ќе дојдат пред вас во Собранието и ќе бидат само техничко прашање за да обезбедиме 80 пратеници,“ потенцираше Муртезани.

Related posts

Макрон најави заострување на ставот кон Израел ако продолжи да ја блокира хуманитарната помош за Газа

admin

ВЛЕН со порака од Приштина: Се движиме кон обединување во една политичка партија

admin

Со реформи на Изборен законик земјата добива 4.3 милиони евра од ЕУ

admin

Зошто во Франција сега ќе биде комплицирано

admin

ВМРО-ДПМНЕ и Левица во меѓусебни обвинувања за злоупотреба на партиски средства

admin

ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ – КОЈ ДОБИВА, А КОЈ ГУБИ?

ninja