Последните политички турбуленции во Владата ја интензивираа реториката и меѓусебните обвинувања меѓу албанските политички партии во Северна Македонија. Коалицијата ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека се обидува да се спаси преку, како што велат, инструментализирање на политичари кои се откажале од промените, алудирајќи на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.
„Во оваа очајничка шема, употребата на Арбен Таравари не е ништо друго освен обид за создавање магла со цел да се одвлече вниманието од падот на ДУИ и одговорностите што ги носи нејзиниот лидер. Таравари доброволно станал дел од тој план, но тој не е ниту одлучувачки фактор, ниту централна фигура – туку само алатка на една политичка игра без излез“, соопштија од коалицијата ВЛЕН.
Таравари: ВЛЕН беше игнориран во Владата
Реакцијата на ВЛЕН следуваше по изјавата на Таравари за албански медиуми, во која тој наведе дека неговото повлекување од коалицијата било резултат на „непочитување на барањата на Албанците“ за време на 11-те месеци владеење. Според него, Владата не успеала да ги отвори европските перспективи, не го реализирала целосно децентрализацијата и не го донела законот за правична застапеност, по укинувањето на балансерот во ноември минатата година. Таравари истакна дека во овој период имало значително повеќе вработувања на Македонци, наспроти Албанците.
„Ние како Алијанса за Албанците не сме навикнати да бидеме декор во Владата. Затоа решивме да преминеме во опозиција, да се вратиме меѓу граѓаните и да се подготвиме за локалните избори во октомври. Ни преостануваат пет месеци до изборите и неопходна е мобилизација на партијата, бидејќи за нас е клучно да ја освојиме победата на локално ниво“, изјави Таравари.
ДУИ: Моноетничките политики ја загрозуваат соживотот
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, возврати дека Албанците не можат да бидат „слуги во сопствените домови“ и остро ја критикуваше идејата за моноетничка држава, која, според него, ја турка премиерот Христијан Мицкоски.
„Нека излезе Мицкоски пред албанските граѓани и нека објасни: Зошто го менува Законот за јазици? Зошто ја менува Охридската рамковна спогодба? Зошто ја загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на државата?“, рече Ахмети. Според него, таквите политики се во спротивност со европската перспектива и ја нарушуваат етничката кохезија во земјата.