10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Пендаровски: Со Радев не може да се водат преговори, тој е аркитектот на бугарската блокада

Поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски изјави дека со бугарскиот претседател Румен Радев не може да се водат преговори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, нарекувајќи го „архитект на бугарската блокада“.

Во интервју за Дојче Веле, Пендаровски рече дека Радев е главниот носител на тврдата линија на бугарскиот национализам и оти неговата улога била клучна при поставувањето на условите кои ја блокираа европската интеграција на Македонија.

„Румен Радев е архитектот на бугарската блокада кон Македонија, кој тврдокорно ги застапува позициите на бугарскиот национализам од времето на комунизмот“, рече Пендаровски.

Тој изјави дека имал повеќе средби со Радев на меѓународни настани и дека уште на неговата инаугурација во 2019 година, бугарскиот претседател отворено ги застапувал тие ставови.

„Тој ја натера владата да донесе декларација, која потоа беше усвоена со 204 гласа во бугарскиот парламент, кој брои 250 пратеници. Веќе тогаш реков дека тоа беше резултат налик на севернокорејски процент“, изјави Пендаровски.

Поранешниот македонски претседател додаде дека Радев бил иницијатор на блокадата и дека не може да се очекува од некој што го создал проблемот, да биде дел од неговото решение.

„Не можете со културни настани или одење на опера да го промените тој став. Тој верува во тоа што го направи“, рече Пендаровски.

Целото интервју со Пендаровски, во кое говори и за стратешките правци на новата влада, односите со администрацијата на Доналд Трамп и патот на Македонија кон ЕУ, ќе биде објавено утре на интернет страницата на Дојче Веле.

Related posts

Од ‘исчезнат’ до притвореник: Како заврши бегството на Груби?

admin

Германски печат: Вучиќ сонува за „великосрпско царство“

admin

Од историски криминал до историски проект за ВМРО- ДПМНЕ

admin

Вархеји: Ако Советот сака да го оствари проширувањето, тоа е добредојдена вест

admin

Мицотакис во Вашингтон: Сериозно сум загрижен кога новата Влада ја нарекува државата Република Македонија

admin

Албанија на парламентарни избори, Рама цели на четвртиот мандат

admin